Срна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Срнадивеч кој спаѓа во редот на папкари (Ungluata). Основна карактеристика на сите животни кои го сочинуваат овој ред е специфичниот строеж на нивните прсти, кои се обложени со тврда, рожеста обвивка. Овие животни можат да имаат парен или непарен број прсти. Редот на папкарите се дели на два подреда, и тоа: преживари (Ruminantia) и непреживари (Nonruminantia).[1]

miniatur

Подред-Преживари[уреди | уреди извор]

Распространетост[уреди | уреди извор]

Срнскиот дивеч е најрспространет во Средна Европа. Најброен е во Западна Германија, Чешка, Словачка, Данска и во Австрија. Во нашата земја, Македонија, срнскиот дивеч е распространет речиси насекаде, во најразлични популации. Го има на речиси сите поголеми шумски комплекси, како што се : Бистра (планина), Шар Планина, Стогово, Јабланица, Плакенска Планина, Илинска планина,Баба (планина), Кајмакчалан, Бабуна, Кожуф, Плачковица, Малешевски Планини и др.

Анатмоја[уреди | уреди извор]

Телото на срнскиот дивеч од надворешна страна е симетрично развиено и витко. Нозете му се тенки и долги. Во должина може да израсне и до 140 см., а во висина до 75 см.. Во тежина може да достигне до 40 килограми( најчесто од 25 до 30 килограми). Бојата на летните влакна му е ’рѓесто-црвеникава, додека в зима, нивната боја е костенливо-пепеласта, приспособена на бојата на сувиот шумски лист. Задниот дел од телото е обраснат со бели влакна, наречени огледало. Младото срнче има темно-кафена боја, ишарана со бели дамки. Ови шарки на младото му остануваат сè до есента. Срните, во текот на годината, два пати се митарат т.е. ги менуваат влакнатана телото(во пролет, и во почетокот на есента).

На роговите на срнаците се разликуваат два дела:рожиште и стебло на рогот. Рожиштето е дел од рогот и претставува права коска, а се разликува од другите долги коски само по специфичниот начин на својата градба. Додека рогот расте, тој е составен дел на телото. Дури по престанувањето на растењето, тој станува мртва коска, а неа телото ја отфрла секоја година во есенскиот период.

Типична форма на здрав и нормално развиен рог на пораснат срнак е рог со три парожоци. Роговите на младите мажјаци почнуваат да растат учте од првата година од животот (во ноември). Овие рогови срнакот набрзо ги отфрла, а веќе во јуни наредната година, добива нови рогови. Овие рогови обично се без порожоци, поради што ваквите срнаци се нарекуваат шилаши (роговите им се во вид на шило). Кај напредни и добро негувани срнаци, овие, втори рогови, можат да имаат по еден или повеќе порожоци, но ваквата појава е сосема ретка. По паѓањето на овие рогови, третите рогови добиваат по еден парожок, поради што таквите срнаци ги нарекуваме вилаши, а кога ќе им израсне третиот парожок, ги нарекуваме шестерци.

По правило, уште во четвртата година од животот, роговите на срнакот добиваат утврден тек на развиток т.е. му паѓаат во ноември, а веднаш потоа почнуваат да му растат нови. веќе во мај, идната година, сосема се развиени и исчистени од кожата и влакната. За време на растењето, ткивото на рогот е заштитено со посебна кожна обвивка наречена лико или браст, богата со нерви и крвни садови.

Растењето и развивањето на роговите на срнаците не се одвива секогаш правилно. Можат да се појават разни деформации и разни промени. Причините за ваквите појави се многубројни, а како најзначајни се сметаат : промени во наследните својства, повреди на челната коска, повреда на младиот рог, премрзнување, повреди на телото и слично.

Размножување[уреди | уреди извор]

Срнчкиот дивеч се пари во текот на месец јули. Еден срнак може да оплоди повеќе женки. Сè додека не ја оплоди, срнакот останува кај женката. Дури откако ќе ја оплпди приоѓа кон друга женка. Срната е бремена 40 недели, околу 280 дена. Оплодената јајце-клетка во јули или август започнува интензивно да се развива дури во декември. Оваа појава се нарекува ембриотенија. Понекогаш во месец ноември може да се забележи дополнително парење кај срнскиот дивеч, при што, оплодената јајце-клетка не мирува, веднаш започнува да се развива. Најчесто во месец мај срните раѓаат по едно до две срнчиња, а сосема ретко и по три срнчиња. Срната е мошне внимателна мајка. Во прво време, додека се срнчињата слаби и неподвижни, срната ги напушта единствено кога мора да се храни. Но, таа секогаш е близу нив и може да внимава на сè што се случува во околината. Во случај на опасност им приоѓа на помош.

Опасност[уреди | уреди извор]

Најголем непријател на срнскиот дивеч се волците, дивата мачка, куната златка и други штетници. Лисиците можат да убијат само мали срнчиња. За време на високи снежни намети, покрај волците и лисиците, голем нивни непријател се кучињата скитници.

Исхрана[уреди | уреди извор]

По однос на исхраната, срнскиот дивеч е пребирлив. Во летниот период, ливадите и пасиштата треба добро да се подредат, а преку зима да се прихрануваат.

Заштита[уреди | уреди извор]

Поради ниската популација, со Законот за ловство на Р. Македонија срната е ставена под трајна заштита.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1979.