Плакенска Планина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плакенска Планина
Пространска Планина
планински масив
Поглед на Плакенска Планина
Регион Македонија Македонија
Највисока точка Сталев Камен
 - височина 1.999 м

Плакенска Планина или Пространска Планина — средновисока планина во Југозападна Македонија со динарски правец на протегање СЗ–ЈИ.[1] Највисок врв е Сталев Камен (1.999 м[2]), по којшто некои ја нарекуваат „Плакенска Планина“, а висок е и врвот Коњарник (1.919 м). Други повисоки врвови се: Дупен Камен, Дамов Гроб, Грамада и Црни Врв.[3]

Во источното подножје на планината се наоѓа селото Прострање, поради што таа се нарекува и „Пространска Планина“. Планината се протега помеѓу долината на Боишка Река и Демир Хисар на исток и котлината Дебрца на запад. Кон југ билото на Плакенската Планина продолжува во Бигла. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци преку кои лежат тријаски варовници. Кон запад течат Голема и Коселска Река, а кон исток Пространска, Вировска Река и Големача, притока на Боишка Река. Планинските страни се под шума, а високите делови под планински пасишта[4].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Milošević, Miodrag (1967). Geografija Jugoslavije (III. изд.). Naučna knjiga.
  2. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 108. Посетено на 16 јануари 2024.
  3. Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
  4. Павловски, Јован (2006). Ми-Анова енциклопедија: М-П. Книгоиздателство МИ-АН. ISBN 9989-613-91-5, ISBN 9789989613913 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).

Координати: 41°15′12″N 20°55′41″E / 41.25333° СГШ; 20.92806° ИГД / 41.25333; 20.92806