Малешевски Планини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бејаз Тепе
Џами Тепе 01.jpg
Највисока точка
Надм. вис.1.801 м
Матичен врвЏами Тепе / Иљов Врв
Координати41°40′00″N 23°00′00″E / 41.66667°СГШ 23.00000°ИГД / 41.66667; 23.00000Координати: 41°40′00″N 23°00′00″E / 41.66667°СГШ 23.00000°ИГД / 41.66667; 23.00000
Величина
Површина68,6 км²
Географија
Малешевски Пл. is located in Македонија
Малешевски Пл.
Малешевски
Пл.
Местоположба на Бејаз Тепе во Македонија
МестоМакедонија Македонија,  Бугарија
ОбластМалешевија (Источна Македонија) и Кресненско (Пиринска Македонија)

Малешевските планини — средновисоки планини во источниот дел на Република Македонија и Пиринска Македонија (денес во Бугарија). Припаѓаат на грaмадните планини од Родопската маса. Се протегаат лачно во правец јз–си. Должината на главното било изнесува 32 км, а површина на планината е 315 км2. Билата се заоблени, а највисоки врвови се Џами Тепе (1.801 м) и Ченгино Кале (1.748 м), најисточната точка на Република Македонија. Брегалница и Ратевска Река длабоко се всечени во старите палеозојски карпи — некаде речиси кањонски. Билата се голи, а планинските страни се покриени со букова и дабова шума.[1]

Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, а во пониските делови спрема Беровската Котлина се покриени со неогени наноси. Преку билото на планината минува делумно македонско-бугарската граница. На највисоките делови се наоѓа изворскиот дел на реката Брегалница.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр. 35

Надворешни врски[уреди | уреди извор]