Ратево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ратево
Викиекспедиција Малешевија (135).jpg

Поглед на Ратево

Ратево is located in Македонија
Ратево
Местоположба на Ратево во Македонија
Координати 41°40′59″N 22°51′00″E / 41.68306° N; 22.85000° E / 41.68306; 22.85000Координати: 41°40′59″N 22°51′00″E / 41.68306° N; 22.85000° E / 41.68306; 22.85000
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Berovo Municipality.svg Берово
Област Малешевија
Население 844[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2330
Повик. бр. 033
Надм. вис. 860 м
Слава Павловден
Ратево на општинската карта
Ратево во Општина Берово.svg

Атарот на Ратево во рамките на општината
Commons-logo.svg Ратево на Ризницата


Ратево — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во средишниот дел на територијата на Општина Берово, во горното сливно подрачје на реката Брегалница, недалеку од Беровското Езеро (нарекувано и Ратевско Езеро).[2] Селото е ридско, на надморска височина од 860 метри. Од градот Берово е оддалечено 7 километри.[2]

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 39,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.843 хектари, на шумите отпаѓаат 1.205 хектари, а на пасиштата 836 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Ратево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ратево имало 630 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ратево имало 640 жители.[4]

Селото е големо, но со намалување на бројот на жителите. Во 1961 година селото имало 1.229 жители, од кои 1.176 биле Македонци, a 53 жители биле Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 910 жители, од кои 905 Македонци и 5 Роми.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 844 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 630 630 1.259 1.267 1.229 1.145 1.060 934 910 844
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Ратево, во која единствено село било Ратево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Беровска градска општина, во која покрај селото Ратево се наоѓале градот Берово и селата Двориште и Смојмирово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 13 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задружен дом.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 664 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Петар и Павле“
Археолошки наоѓалишта[11]
Цркви[12]
Бисти
Реки[13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Ратевски бамбурци (20 јануари) — жителите се маскираат со маски направени од животински кожи; карневалот има вековна традиција која се одржала до денес, со идеја маските и звукот од прапорците да ги избркаат лошите духови.[14]
  • Павловден (13 јули) — главна селска слава
  • Илинден (2 август) — црковно-народен собир
  • Голема Богородица (28 август) — црковно-народен собир

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 април 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 256. Посетено на 6 април 2017.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „ОУ „Дедо Иљо Малешевски". македонски: Општина Берово. Посетено на 6 април 2017.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  13. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 60. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  14. Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 27. Посетено на 6 април 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]