Смојмирово
Смојмирово | |
![]() Поглед на Смојмирово | |
Координати 41°43′59″N 22°51′0″E / 41.73306° СГШ; 22.85000° ИГДКоординати: 41°43′59″N 22°51′0″E / 41.73306° СГШ; 22.85000° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Малешевија |
Население | 765[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2330 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01013, 01513 |
Надм. вис. | 850 м |
![]() |
Смојмирово — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во средишниот дел на областа Малешевија, на територијата на Општина Берово, недалеку од градот Берово, сместено на патот Берово-Пехчево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 850 метри. Од градот Берово е оддалечено 4 километри.[2]
Атарот зафаќа простор од 11,3 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 638 хектари, на пасиштата отпаѓаат 244 хектари, а на шумите 116 хектари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Смојмирово било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
На 7 октомври 1944 година во борбата против германските фашисти кај селото Смојмирово загинал македонскиот поет Ацо Караманов.
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смојмирово имало 560 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смојмирово имало 760 жители.[4]
Селото е големо, без некои големи промени во населеноста и е населено со македонско население. Така, Смојмирово во 1961 година имало 854 жители, а во 1994 година 825 жители.[2]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Смојмирово живееле 765 жители, од кои 764 Македонци и 1 Србин.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 560 | 760 | 727 | 796 | 854 | 827 | 812 | 828 | 825 | 765 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до V одделение[8], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
- Дом на култура
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Смојмирово, во која единствено село било Смојмирово.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Беровска градска општина, во која покрај селото Смојмирово се наоѓале градот Берово и селата Двориште и Ратево.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачко место бр. 0016 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[9]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 566 гласачи.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 545 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Брестови — населба од доцноантичкото време; и
- Милина Црква — старохристијанска црква.
- Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква
- Споменици
- Споменик на Јане Сандански
- Спомен-биста на Ацо Караманов
- Споменик од НОБ
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Смојмирово
- Димитар Самарџиски (Прокуроре) - револуционер
- Александар Самарџиски (1938-2001) — математичар и универзитетски професор
- Гаврил Стоиловски (1884-?) — револуционер
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 277. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ОУ „Дедо Иљо Малешевски"“. македонски: Општина Берово. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Смојмирово на Ризницата ?
|