Мачево
Мачево | |
![]() Поглед на Мачево | |
Координати 41°44′54″N 22°47′40″E / 41.74833° СГШ; 22.79444° ИГДКоординати: 41°44′54″N 22°47′40″E / 41.74833° СГШ; 22.79444° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Малешевија |
Население | 206[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2330 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01005 |
Надм. вис. | 791 м |
Слава | Атанасовден |
![]() |
Мачево — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во северниот дел на територијата на Општина Берово, на патот Берово-Виница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 790 метри. Од градот Берово, населбата е оддалечена 9 километри.[2]
Атарот зафаќа простор од 9,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 371 хектар, на пасиштата отпаѓаат 309 хектари, а на шумите 249 хектари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Мачево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство. Селото се претпоставува дека го добива името "Мачево" бидејќи било често мачено од другите села.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мачево имало 340 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мачево имало 264 жители.[4]
Селото е мало и во 1961 година броело 297 жители, а во 1994 година се намалил на 216 жители, македонско население.[2]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 206 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 340 | 264 | 329 | 322 | 297 | 276 | 260 | 208 | 216 | 206 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до V одделение[8], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Робово, во која влегувале селата Мачево, Робово и Умлена.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Владимирово, во која покрај селото Мачево се наоѓале и селата Владимирово и Русиново.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 0011 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 138 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Воднико — населба од неолитското време;
- Градиште — градиште од доцноантичкото време;
- Гробишта — старохристијанска црква со некропола;
- Караѓузлија — населба од римското време;
- Кремениште-Селиште — населба од римското време;
- Манастир — старохристијанска црква;
- Мачево — населба од хеленистичкото време;
- Могила — могила од римското време;
- Цуцуло — населба од римското време и старохристијанска црква; и
- Человеко — могила од римското време.
- Цркви[12]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- Атанасовден — главна селска слава
- Илинден — црковно-народен собир
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Мачево
- Методи Стамболиски — началник на Генералштабот на АРМ
Галерија[уреди | уреди извор]
Реката Брегалница крај селото
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 март 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 193. Посетено на 11 март 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ОУ „Дедо Иљо Малешевски"“. македонски: Општина Берово. Посетено на 8 јануари 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|