Прејди на содржината

Атанасовден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атанасовден
Атанасовден
Го празнува(ат)христијанскиот свет
Значењеден на Св. Атанасиј
Датум31 јануари
Прославацрковни собири, литургии

Атанасовден локално познат како Атанасоан, Танасовден претставува празник посветен на големиот христијански светител Св. Атанасиј Велики. Православните лица го празнуват двапати во годината. На 31 јануари, со домашни служби, е празнуван Атанасовден-зимен, како заеднички спомен на двајцата александриски архиепископи Св. Атанасиј Велики и Св. Кирил Александриски, за нивните заеднички заслуги во одбраната на православието од двете различни верски погледи: аријанството и несторијанството. Празникот народот го смета за средзимо и е верувано дека главните студови веќе се поминати. Во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви. Празнуван и на 15 мај, ден на упокојувањето на светителот, празник познат како Атанасовден-летен.[1][2]. Особен култ кон празнуваењето на Свети Атанасиј во зима (31.1.) е раширен во повеќето села во Скопско (Горно Лисиче, Драчево, Шишево), додека особено раширен култ кон празнувањето на летниот Атанасовден (15.5.) има во повеќето села во Радовишко (Ораовица, Сулдурци, Дедино).

  1. Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази, прикупио и описао Стефан Тановиќ, учитељ, Београд, 1927;
  2. Зорка Делиниколова, Обичаи сврзани со поедини празници и неделни дни во Радовиш, „Гласник на Етнолошки музеј“, 1, Скопје,1960.