Црква „Св. Атанасиј“ - Мачево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Атанасиј
Црква „Св. Атанасиј“ - Мачево.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба
Координати 41°45′00″N 22°48′06″E / 41.75000° N; 22.80167° E / 41.75000; 22.80167Координати: 41°45′00″N 22°48′06″E / 41.75000° N; 22.80167° E / 41.75000; 22.80167
Населено место Мачево
Општина Берово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј
Завршено 1932
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна
Портал „МПЦ“

Свети Атанасиј (позната и само како Свети Атанас) — главна селска црква во малешевското село Мачево. Црквата е сместена во југозападниот дел од селото, од леваата страна на патот кој води кон мост на реката Брегалница. Во нејзина непосредна близина, од спротивната страна на патот се сместени селските гробишта.

Историја[уреди | уреди извор]

Според натписот над влезната врата, црквата е изградена во 1932 година на местото на постара црква.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е еднокорабна и има правоаголна основа, со петострана апсида во задниот дел. Целата градба е малтерисана и е обоена во бела боја. Над влезната врата се испишани годините 1932, кога црквата најверојатно била изградена, и 1952. Иконите во црквата се изработени од локални зографи и се подарок од месното население.[1]

Камбанаријата на црквата се издига од кровот над влезната врата. На нејзината предна страна е испишан датумот 8 октомври 1975 година. Од левата страна на црквата се наоѓа трпезаријата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 36. Посетено на 19 јануари 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]