Владимирово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Владимирово
Викиекспедиција Малешевија (178).jpg

Поглед на селото

Владимирово is located in Македонија
Владимирово
Местоположба на Владимирово во Македонија
Координати 41°42′36″N 22°47′34″E / 41.71000° СГШ; 22.79278° ИГД / 41.71000; 22.79278Координати: 41°42′36″N 22°47′34″E / 41.71000° СГШ; 22.79278° ИГД / 41.71000; 22.79278
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Berovo Municipality.svg Берово
Област Малешевија
Население 861[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2331
Повик. бр. 033
Надм. вис. 879 м
Слава Спасовден
Commons-logo.svg Владимирово на Ризницата


Владимирово — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Оваа голема населба се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Берово, чиј атар се издига до сртот на Малешевските Планини и таму се допира со териториите на општините Василево и Радовиш.[2] Владимирово е второ по големина село во Малешевијата и со еден од најголемите атари во Македонија, којшто зафаќа простор од дури 98,6 км².[2] Владимирското подрачје се протега на западниот брег на реката Брегалница и зазема прилично голем дел од Малешевската Котлина.

Селото е ридско, на надморска височина од 850 метри. Од самиот град Берово е оддалечено 8 километри, со кој е поврзано со локален пат.[2]

На него сите три вида аграрни структури заземаат големи површини. Меѓутоа, најголема површина имаат шумите од 5.589 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 2.143,2 хектари, а на пасиштата 1.965,6 хектари.

Подрачјето на Владимирово, како дел од Малешевската Котлина, се граничи: од југоисток и југ со подрачјето на соседното село Русиново со најдолга граница; од југозапад граничи со струмичкото подрачје; од западната страна со куса граница се граничи со Радовишко; северната граница е мошне долга со повеќе гранични синори покрај реката Каменица граничи со подрачјето на селото Будинарци, со реката Брегалница и граничи со синорот на селото Мачево; североисточната граница е дел од полето на селото Робово и ЗИК „Малешевска слива“ се до устието на Смојмирска Река во реката Брегалница. Границата Синорно Подрачје оди по текот на реката Брегалница, ја сече месноста „Лаго“ и излегува на патот за Берово, кај мостот на Ратевска Река.

Поголемиот дел од синорот, односно 3/4 е планински дел под името „Планини“, а 1/4 порамен (полски) дел наречен „Полето“. Планините имаат просторни површини под пасишта, големи комплекси со широколисни и иглолисни шуми, а има и доста површини под ораници. По речните долинки има и ливади. Сета полска површина скоро е обработлива, а долините по Брегалница и Селска Река делумно се ораници за градинарски култури, а остатокот се ливади.

Панорамски поглед на Владимирово, погледнато од дворот на црквата „Св. Илија

Историја[уреди | уреди извор]

Владимирово во почетокот на XX век

Во XIX век, Владимирово било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманската Империја.

Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за селото Владимирово запишал дека е расположено на источното подножје на планината Бозелџа и ½ час лево од Брегалница co 250 македонски куќи[3]. Жителите му биле доста освестени и богати, а според развојот на жителите заедно со тоа во црковно-училиштен однос владимировци биле на прво место меѓу сите Малешевци[3]. Главните занимања им се земјоделство и сточарство.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Владимирово имало 1.650 жители Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Владимирово имало 2.000 жители.[5]

Владимирово е голема населба, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 1.791 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 1.043 година, од кои 1.041 Македонец и 2 Срби.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 861 жител, од кои 859 Македонци и 2 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.650 2.000 1.965 1.896 1.791 1.473 1.290 1.106 1.043 861
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Владимирово, каде Владимирово било единствено село во општината.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на некогашната Општина Владимирово, во која покрај селото Владимирово се наоѓале и селата Мачево и Русиново.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква „Св. Спас“
Сретселото, заедно со спомениците од НОБ
Археолошки локалитети[10]
Цркви[11]
Споменици

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Владимирово
  • Благој Ханџиски (р. 1948) — македонски политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот од 29 мај 1997 до 30 ноември 1998 година
  • Михаил Левенски (1942-2010) — македонски поет, раскажувач, драмски автор и невропсихијатар[13]
Починати во Владимирово

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 7 март 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 56. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 7 март 2017 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 425. ISBN 978-608-245-113-8. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. „ОУ „Дедо Иљо Малешевски““. македонски: Општина Берово. конс. 7 март 2017. 
  10. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. „Осветување на новоподигнатата црква на Св. пророк Илија во Владимирово“ (македонски). МПЦ - ОА. 31.07.2005. конс. 23 јануари 2011. 
  13. „Ненадејно почина д-р Михаил Левенски“ (македонски). А1. 29.09.2010 13:54. конс. 2010-09-29. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]