Робово (Пехчевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Робово
Панорамски поглед на Робово.jpg

Панорамски поглед на Робово

Робово is located in Македонија
Робово
Местоположба на Робово во Македонија
Координати 41°46′0″N 22°49′0″E / 41.76667° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.76667; 22.81667Координати: 41°46′0″N 22°49′0″E / 41.76667° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.76667; 22.81667
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Pehčevo Municipality.svg Пехчево
Област Малешевија
Население 426[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2326
Повик. бр. 033
Надм. вис. 900 м
Слава Голема Богородица
Commons-logo.svg Робово на Ризницата


Робово — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Малешевија, во западниот дел на територијата на Општина Пехчево, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 860 до 900 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 20 км². На него пасиштата заземаат површина од 819 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 698 хектари, а на шумите 449 хектари.[2]

Месности[уреди | уреди извор]

Село Робово, како дел од Малешево, во Малешевската Котлина се наоѓа во северниот дел на десната страна на реката Брегалница, а се граничи од југ со реката Брегалница, со која Робовското Поле се одвојува од подрачјето на Владимирово и Мачево, од исток со подрачјето на Смојмирово и Умлена и тоа по левата страна на Стојков Дол, по Брестово до Синдрачка Долчина, преку Умленска Река, Широките Ливади, Вранево, потоа свртува на запад до Радовица и по Радовица до над месноста Никлевец. По спојувањето на двата пата од Робово до над месноста Војова Ливада и од Умлена над месноста Крсто Врви по патот до Дурчовец. Тука го пресекува Дурчовец и излегува на Тодевица, а потоа по патот за Нов Истевник (Махлите) и Тработивиште од Бејаз Тепе. Тоа е и најдолгата граница на робовскиот синор.

Од север границата почнува од Бејаз Тепе каде што се спојуваат четири синори – Робовски, Умленски, Истевнички и Разловечки. Северната гранива од Бејаз Тепе продолжува по десниот крак на Градус, меѓу Разлошките Валози и Пржаре. Тука таа го сече Градус, поминува на неговата лева страна, минува покрај Кривото Осое над Капева чешма и се искачува до Чокалица каде што се спојува со западната граница на робовскиот синор. Од Бејаз Тепе до Чокалица границата е заедничка со разливечкиот синор. Западната граница минува по вододелницата меѓу Градус и Тиновец (десна притока на Брегалница) до Грбавец. Од Грбавец таа врви источно од Момин Рид до под Чочевските и Черговските колиби (имоти), каде што е заедничка граница со синорот на селото Митрашинци. Оттука свртува на исток до Голема Полена, врви по сртот на Голема Полена и Големото Присое каде што каде што е заедничка граница со синорот на селото Будинарци. При крајот на Големото присое свртува на исток, го сече коритото на Гулем (Голем) Дол под Николчица, го сече коритото на Баџија под Толчарев камен и се искачува на Мачоские Рид. Врви по него, слегува источно од село Мачево и преку Бардачица излегува на коритото на Робовска Река. Тука врви по нејзиниот десен брег и преку Голчово Кладенец слегува до Бреганица. На меѓупросторот на Големото присое до Брегалница, каде што се спојува со јужната граница, таа е заедничка граница со синорот на Мачево.

Во овие граници синорот на Робово се простира на надморска височина од 790 метри при вливот на Робовска Река во Брегалница и до 1348 метри на Бејаз Тепе. Висинската разлика изнесува 558 метри.

Робовскиот синор граничи со 9 синори на околните села, односно со повеќе од половина од селата во Малешево, и тоа: Владимирово, Смојмирово, Чифлик, Умлена, Нов Истевник, Разловци, Митрашинци, Будинарци и Мачево.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1900 година Гоце Делчев испраќа во Македонија неколку војводи на чети. Меѓу нив е и Тодор Иванов, како војвода на чета во Малешевско. На 20 јули истата година неговата чета е откриена од Турците кај селото Робово и почнува борба. Турците не успеваат да преземат куќата, каде што се наоѓа Тодор Иванов и ја палат. Иако му завршува муницијата, тој не се предава и загинува во огнот на куќата.

Во 19 век, Робово било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, каде што се одразува статистиката на машкото население од 1873 година, генерички е посочено како село со 80 домаќинства, со 293 жители Бугари. (Во тоа време немало можност за изјаснување како македонско население).

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Робово имало 770 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Робово имало 960 жители.[4]

Селото е средно по големина, населено со македонско население, но со намалување на населението. Така, во 1961 година броело 773, а во 1994 година 476 жители.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Робово живееле 426 жители, од кои 422 Македонци и 4 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 770 960 790 837 713 656 580 504 476 426
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Робово, во која влегувале селата Мачево, Робово и Умлена.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Робово се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Умлена, Црник и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0022 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 249 гласачи.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 238 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки локалитети[12]
Цркви[13]
Споменици на НОБ

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Голема Богородица (28 август) — селска слава, која се одбележува со турнир во мал фудбал и вечерна игранка.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Робово
Починати во Робово

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 25 февруари 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 260. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 25 февруари 2018 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. „ООУ Ванчо Китанов Пехчево“. Општина Пехчево. конс. 25 февруари 2018. 
  9. „Описи на ИМ“. конс. 25 февруари 2018. 
  10. „Локални избори 2017“. конс. 25 февруари 2018. 
  11. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]