Негрево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Негрево
Панорамски поглед на Негрево.jpg

Панорамски поглед на Негрево

Негрево is located in Македонија
Негрево
Местоположба на Негрево во Македонија
Координати 41°46′59″N 22°49′59″E / 41.78306° СГШ; 22.83306° ИГД / 41.78306; 22.83306Координати: 41°46′59″N 22°49′59″E / 41.78306° СГШ; 22.83306° ИГД / 41.78306; 22.83306
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Pehčevo Municipality.svg Пехчево
Област Малешевија
Население 97[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2326
Повик. бр. 033
Надм. вис. 965 м
Негрево на општинската карта
Негрево во Општина Пехчево.svg

Атарот на Негрево во рамките на општината
Commons-logo.svg Негрево на Ризницата


Негрево — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Улица низ селото

Селото се наоѓа во областа Малешевија, во горното сливно подрачје на реката Брегалница, во средишниот дел на територијата на Општина Пехчево, недалеку од градот Пехчево.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 до 1.080 метри. Од градот Пехчево е оддалечено 3 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 19,7 км². На него обработливото земјиште зазема површина од 524 хектари, на пасиштата отпаѓаат 757 хектари, а на шумите 473 хектари.[2]

Асфалтниот пат до селото бил обновен во текот на 2014 година, кој се двои од регионалниот патен правец Пехчево-Делчево.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век, Негрево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Во минатото, во Негрево работел погон на „Лозар“ од Пехчево за производство на ракија.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Негрево имало 315 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Негрево имало 400 жители.[5]

Поради иселување на дел од населението, Негрево преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото имало 411 жители, а во 1994 година 170 жители, сите Македонци.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Негрево живееле 97 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 315 400 416 435 411 356 280 200 170 97
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешното основно училиште
  • Поранешно основно училиште, денес обновено во образовен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион[9]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Пехчево, во која влегувале градот Пехчево и селата Чифлик и Негрево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Негрево се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Робово, Умлени, Црник и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0017 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 68 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 66 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Константин и Елена“
Археолошки локалитети[13]
Цркви[14]
Реки[15]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Негрево

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Училишната зграда во селото била одбрана како средишна зграда за новиот образовен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион. За таа цел зградата на поранешното основно училиште била целосно обновена. Проектот бил целосно поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, финансирана од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој.[9]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 12 декември 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 205. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 12 декември 2017 г. 
  3. „Пуштен во употреба локалниот пат Пехчево – Негрево“. Општина Пехчево. 6 февруари 2014. конс. 12 декември 2017. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. 9,0 9,1 „Старото училиште во Негрево прерасна во едукативен еко центар“. Вечер. 12 мај 2016. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 12 декември 2017. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 12 декември 2017. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  13. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014) (на македонски). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 50. ISBN 978-9989-2117-6-8. 
  16. Никогаш не ќе кажеме се за Ристо Шишков

Надворешни врски[уреди | уреди извор]