Негревска Река
Изглед
| Негревска Река Негревчица | |
|---|---|
Негревска Река низ селото Чифлик | |
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Влаина |
| • надм. вис. | 1.729 м |
| Устие | |
• место | Пехчевска Река |
• координати | 41°45′37″N 22°51′23″E / 41.76028°N 22.85639°E |
| Должина | 8,7 км |
| Особености на сливот | |
| Течение | Пехчевска Река → Брегалница → Вардар → Егејско Море |
Негревска Река или Негревчица — река во Источна Македонија и притока на Пехчевска Река.
Течение
[уреди | уреди извор]Реката извира под Орлов Камен на планината Влаина, на надморска висина од 1.729 м. Таа претставува постојан водотек и има стрмно и каменливо корито со пороек карактер. Негревска Река минува низ селата Негрево, по кое и го добила името, и Чифлик пред нејзиниот влив во Пехчевска Река.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Течението на Негревска Река во селото Чифлик
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 50. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Негревска Река на Ризницата ?
