Чифлик (Пехчевско)

Координати: 41°45′33″N 22°51′33″E / 41.75917° СГШ; 22.85917° ИГД / 41.75917; 22.85917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Чифлик

Панорамски поглед на Чифлик

Чифлик во рамките на Македонија
Чифлик
Местоположба на Чифлик во Македонија
Чифлик на карта

Карта

Координати 41°45′33″N 22°51′33″E / 41.75917° СГШ; 22.85917° ИГД / 41.75917; 22.85917
Регион  Источен
Општина  Пехчево
Област Малешевија
Население 216 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2326
Повик. бр. 033
Шифра на КО 01016
Надм. вис. 900 м
Чифлик на општинската карта

Атарот на Чифлик во рамките на општината
Чифлик на Ризницата

Чифлик — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Негревска Река низ селото

Селото се наоѓа во областа Малешевија, во западниот дел на територијата на Општина Пехчево, недалеку од самиот град Пехчево. Селото е сместено на регионалниот пат Берово-Пехчево-Делчево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 900 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 442 хектари, на пасиштата отпаѓаат 258 хектари, а на шумите 116 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Чифлик било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втроата светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948471—    
1953466−1.1%
1961493+5.8%
1971449−8.9%
1981409−8.9%
ГодинаНас.±%
1991392−4.2%
1994362−7.7%
2002321−11.3%
2021216−32.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Чифлик имало 357 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чифлик имало 464 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]

Селото во 1961 година броело 493 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 362 жители, од кои 359 биле Македонци и 3 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Чифлик живееле 321 жител, од кои 319 Македонци и 2 Срби.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 216 жители, од кои 213 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 357 464 471 466 493 449 409 392 362 321 216
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Градска општина Пехчево, во која влегувале градот Пехчево и селата Негрево и Чифлик.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Чифлик се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Умлена и Црник.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0025 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 206 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква со нејзината камбанарија
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 319. Посетено на 25 март 2018.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 март 2018.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „ООУ Ванчо Китанов Пехчево“. Општина Пехчево. Посетено на 25 март 2018.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 март 2018.
  15. „Локални избори 2017“. Посетено на 25 март 2018.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]