Спиково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Спиково
Спиково is located in Македонија
Спиково
Местоположба на Спиково во Македонија
Координати 41°44′22″N 22°55′01″E / 41.73944° СГШ; 22.91694° ИГД / 41.73944; 22.91694Координати: 41°44′22″N 22°55′01″E / 41.73944° СГШ; 22.91694° ИГД / 41.73944; 22.91694
Општина Пехчево
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1.129 м

Спиково — во Општина Пехчево, во подрачјето на Малешевијата. Се наоѓа на 6-7 км југоисточно од гратчето Пехчево во подножјето на истоимениот врв Спиково и на 10-тина километри од границата со Бугарија. Селото е напуштено околу 1967 година.[1] Од 2001 година во селото се одржува традиционалниот собир, наречен „Спикијада“.[2][3]

Селото било отпишано половина век, но од 2014 г. е повторно заживено и во него се вратило постојано население.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX Спиково било мал чифлик (единствен во Пехчевско заедно со Чифлик) во Пехчевската каза со околу 40 куќи.[5] Во 1894-1896 г. имало 20 куќи, христијани.[6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спиково имало 136 жители, сите Македонци христијани.[7][8]

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Спиково (Spikovo) живееле 80 жители, сите Македонци.Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.[9]

Селото е напушено околу 1967 г.[10] но веќе во XXI век почнало да добива повратни жители и веќе во 2014 г. повторно станало постојано населено место.

Културно-историска оставнина[уреди | уреди извор]

Цркви[11]
Археолошки наоѓалишта[13]
  • Манастир — црква од старохристијанско време;

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Негрево изумре, Спиково сака да воскресне, Дневник, 17.09.2007
  2. Община Пехчево
  3. Malesh.mk
  4. Седум села се изборија за свое „граѓанство“, Глобус
  5. Гоцев, Славе. Национално-революционни борби в Малешево и Пиянец 1860–1912, Издателство на Отечествения фронт София, 1988, стр. 11.
  6. Кънчов, Васил. Избрани произведения. Том I. Издателство “Наука и изкуство”, София 1970, стр. 351.
  7. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  8. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 228.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pр. 140-141.
  10. Негрево изумре, Спиково сака да воскресне, Дневник, 17 септември 2007
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. Во село Спиково достојно прославен денот на Републиката „Илинден“ и верскиот празник „Св. Пророк Илија“
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 715.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]