Спиковски Водопади
Спиковски Водопади | |
---|---|
Место | Брегалница, Пехчево, Општина Пехчево |
Вид | нуркање, пливање, бањање |
Вкуп. висина | 14 |
Највисок слап | 14 м (46 ст) |
Спиковските Водопади се живописен предел во Република Македонија, во Општина Пехчево. Од градот Пехчево се оддалечени 6-10 километри.
Природни особини[уреди | уреди извор]
Густата борова и букова шума во пехчевскиот дел на Малешевските Планини со векови ги криела седумте водопади кај изворите на Брегалница, најголемата река во Источна Македонија. Само два од овие водопади всушност ѝ припаѓаат на Брегалница, а преостанатите се наоѓаат на нејзините притоки Црн Дол, Жолтачка Река и Спиковски Андак.
Сите водопади изобилуваат со „швајцарска“ планинска убавина. Најбогат со вода и најголем е еден од двата водопади на Брегалница, а со височина од 14 метри, највисок е водопадот на брегалничката притока Жолтачка Река.
Локација[уреди | уреди извор]
Водопадите се сместени во месноста Валевичка Река, како што пехчевци ја викаат Брегалница во тој дел, и се оддалечени од Пехчево од шест до десет километри. Иако долго време не била пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите.
Поврзано[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |