Црник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црник
Сретсело во Црник.jpg

Сретселото во Црник

Црник is located in Македонија
Црник
Местоположба на Црник во Македонија
Координати 41°50′58″N 22°54′6″E / 41.84944° СГШ; 22.90167° ИГД / 41.84944; 22.90167Координати: 41°50′58″N 22°54′6″E / 41.84944° СГШ; 22.90167° ИГД / 41.84944; 22.90167
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Pehčevo Municipality.svg Пехчево
Област Пијанец
Население 707[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2326
Повик. бр. 033
Надм. вис. 860 м
Црник на општинската карта
Црник во Општина Пехчево.svg

Атарот на Црник во рамките на општината
Commons-logo.svg Црник на Ризницата


Црник — село во Општина Пехчево, во областа Пијанец, во околината на градот Пехчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Влезот во селото

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во северниот дел на територијата на Општина Пехчево, чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото се наоѓа на надморска височина од 860 метри.[2]

Атарот е голем, кој зафаќа простор од 33 км². На него обработливото земјиште зазема површина од 1.189 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.043 хектари, а на шумите 851 хектар.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Црник било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Црник имало 1.600 жители.[3]

Црник во 1961 година имало 978 жители, од кои 520 биле Турци, 332 Македонци и 13 жители Срби. Во 1994 година бројот малку се намалил, поточно на 752 жители, од кои 331 Турчин, 231 Ром и 188 Македонци.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Црник живееле 707 жители, од кои 103 Македонци, 326 Турци, 267 Роми, 4 Срби и 7 останати.[1]

Во табелата во продолжение е прикажано движењето на вкупното население и етничка припадност во Црник:[4]

Години Македонци Албанци Турци Роми Срби Ост. Вкупно
1948 1.107
1953 353 0 775 52 4 43 1.227
1961 332 0 520 13 113 978
1971 510 0 387 8 2 39 946
1981 284 0 386 239 0 18 927
1991 207 0 362 289 1 10 869
1994 188 1 331 231 0 1 752
2002 103 0 326 267 4 7 707

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште „Ванчо Китанов“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Црник, во која единствено село било Црник.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Црник се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Умлена и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Петка“

Во селото постои изборно место бр. 0024 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[7]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 632 гласачи.[8] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 599 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[10]
Цркви
Џамии[11]
Реки
Природни реткости[12]
  • Мелови — геоморфолошки форми со амфитеатрален изглед

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 21 мај 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 314. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 21 мај 2018 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 229.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС.
  5. „Образование“. конс. 21 мај 2018. 
  6. „Се уреди дворот на градинката во пехчевското село Црник“. Вечер. 24 април 2018. конс. 21 мај 2018. 
  7. „Описи на ИМ“. конс. 21 мај 2018. 
  8. „Локални избори 2017“. конс. 12 декември 2017. 
  9. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  10. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. „Биолошка разновидност“. конс. 21 мај 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]