Умлена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Умлена
Панорамски поглед на Умлена 2.jpg

Панорамски поглед на Умлена

Умлена is located in Македонија
Умлена
Местоположба на Умлена во Македонија
Координати 41°46′59″N 22°49′59″E / 41.78306° СГШ; 22.83306° ИГД / 41.78306; 22.83306Координати: 41°46′59″N 22°49′59″E / 41.78306° СГШ; 22.83306° ИГД / 41.78306; 22.83306
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Pehčevo Municipality.svg Пехчево
Област Малешевија
Население 354[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2326
Повик. бр. 033
Надм. вис. 900 м
Слава Илинден
Умлена на општинската карта
Умлена во Општина Пехчево.svg

Атарот на Умлена во рамките на општината
Commons-logo.svg Умлена на Ризницата


Умлена — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Малешевија, во западниот дел на територијата на Општина Пехчево, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 880 до 920 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 16,6 км². На него обработливото земјиште зазема површина од 713 хектари, на пасиштата отпаѓаат 438 хектари, а на шумите 435 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век, Умлена било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Умлена имало 500 жители.[3]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Умлена имало 600 жители.[4]

Умлена е средно село по големина, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 643 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 391 жител.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Умлена живееле 354 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 500 600 611 640 643 593 520 401 391 354
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште во Умлена

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Робово, во која влегувале селата Мачево, Робово и Умлена.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Умлена се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Црник и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0023 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 231 гласач.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 215 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Спас“
Археолошки локалитети[12]
Цркви[13]
Споменици на НОБ

Сребрен крст[уреди | уреди извор]

Во населбата Тодоричево, што се наоѓа источно од селото Умлена, на далечина од два километра е пронајден доста вреден сребрен крст. Крстот е во двојна изработка, а на платформата има изгравирано писмо на грчки јазик. Овој крст грижливо се чува во селската црква „Свети Спас“ во Умлена.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Илинден (2 август) — селска слава, прославата се изведува во дворот на црквата „Свети Спас“; се собираат на курбан жителите на селото Умлена, оние кои живеат во селото, но и оние кои се иселиле од него и живеат во поголемите градови или во странство; и
  • Велигден — во селото се одржува меморијален турнир за фудбал наречен „Златива“, во чест на прерано загинатите Златко В. и Иванка Т., загинати во сообраќајна несреќа на Велигден во 1999 година.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Умлена

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 25 март 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 307. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 25 март 2018 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. „ООУ Ванчо Китанов Пехчево“. Општина Пехчево. конс. 25 март 2018. 
  9. „Описи на ИМ“. конс. 25 март 2018. 
  10. „Локални избори 2017“. конс. 25 март 2018. 
  11. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]