Попис на населението во Македонија (2021)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија

← 2011 5 септември 2021 следен →

DZS logo.svg
Popis 2021.png
Општи информации
ДржаваМакедонија Македонија
УправаДржавен завод за статистика
Мрежно местоПопис 2021 — ДЗС
Резултати
Вкупно население1.836.713[1] ( 9,18 %)
Статусзавршен


Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија во 2021 годинаконтроверзна статистичка операција која започнала на 5 септември и завршила на 30 септември 2021 година.[2]

Пописот првично требало да се реализира во април 2020 година, но потоа бил презакажан за април 2021 година, па повторно презакажан за септември. Пандемијата на КОВИД-19 во Македонија и нејзиниот непредвидлив тек на развој спречила успешен попис на почетокот на годината. Сепак, пописот бил успешно спроведен и завршен до крајот на септември 2021 година.[3]

Од 1 март 2021 година започнало самопопишување на дијаспората преку веб-сајтот на Државниот завод за статистика.[4] Самопопишувањето на дијаспората завршило со нерамномерен попис, така што најголем дел од самопопишаните биле од западноевропските земји, а помал број од прекуокеанските земји.

Првиот сет на податоци од пописот бил објавен на 30 март 2022 година, опфаќајќи податоци за вкупното резидентно и вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства. Во месеците што следат треба да бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата и така натаму.[5]

Население по општини[уреди | уреди извор]

Население и промена на населението во Македонија по општини
Општина Население според
пописот од 2002
Население според
пописот од 2021[6]
Промена Процентуална
промена
Општина Аеродром 72.009 77.735 5.726 7,9 %
Општина Бутел 36.154 37.968 1.814 5,0 %
Општина Гази Баба 72.617 69.626 −2.991 −4,1 %
Општина Ѓорче Петров 41.634 44.844 3.210 7,7 %
Општина Карпош 59.666 63.760 4,094 6,8 %
Општина Кисела Вода 57.236 63.760 4.729 8,2 %
Општина Сарај 35.408 38.399 2.991 8,4 %
Општина Центар 45.362 43.893 −1.469 −3,2 %
Општина Чаир 64.773 62.586 −2.187 −3,3 %
Општина Шуто Оризари 22.017 25.726 3.709 16,8 %
Општина Арачиново 11.597 12.676 1.079 9,3 %
Општина Берово 13.941 10.890 −3.051 −21,8 %
Општина Битола 95.385 85.164 −10.221 −10,7 %
Општина Богданци 8.707 7.339 −1.368 −15,7 %
Општина Боговиње 28.997 22.906 −6.091 −21,0 %
Општина Босилово 14.260 11.508 −2.752 −19,3 %
Општина Брвеница 15.855 13.645 −2.210 −13,9 %
Општина Валандово 11.890 10.508 −1.382 −11,6 %
Општина Василево 12.122 10.552 −1,570 −12,9 %
Општина Вевчани 2.433 2.359 −74 −3,0 %
Општина Велес 55.108 48.463 −6.645 −12,0 %
Општина Виница 19.938 14.475 −5.463 −27,4 %
Општина Врапчиште 25.399 19.842 −5.557 −21,8 %
Општина Гевгелија 22.988 21.582 −1.406 −6,1 %
Општина Гостивар 81.042 59.770 −21.272 −26,2 %
Општина Градско 3.760 3.233 −527 −14,0 %
Општина Дебар 19.542 15.412 −4.130 −21,1 %
Општина Дебарца 5.507 3.719 −1.788 −32,4 %
Општина Делчево 17.505 13.585 −4.128 −23,3 %
Општина Демир Капија 4.545 3.777 −768 −16,9 %
Општина Демир Хисар 9.497 7.260 −2.237 −23,5 %
Општина Дојран 3.426 3.084 −342 −9,9 %
Општина Долнени 13.568 13.126 −442 −3,2 %
Општина Желино 24.390 18.988 −5.402 −22,1 %
Општина Зелениково 4.077 3.361 −716 −17,5 %
Општина Зрновци 3.264 2.086 −1.178 −36,0 %
Општина Илинден 15.894 17.435 1.541 9,7 %
Општина Јегуновце 10.790 8.895 −1.895 −17,5 %
Општина Кавадарци 38.741 35.733 −3.008 −7,7 %
Општина Карбинци 4.012 3.420 −592 −14,7 %
Општина Кичево 56.734[бел. 1] 39.669 −17.065 −30,0 %
Општина Конче 3.536 2.725 −811 −22,9 %
Општина Кочани 38.092 31.602 −6.490 −17,0 %
Општина Кратово 10.441 7.545 −2.896 −27,7 %
Општина Крива Паланка 20.820 18.059 −2.761 −13,2 %
Општина Кривогаштани 6.150 5.167 −983 −15,9 %
Општина Крушево 9.684 8.385 −1.299 −13,4 %
Општина Куманово 105.484 98.104 −5.101 −4,9 %
Општина Липково 27.058 22.308 −4.750 −17,5 %
Општина Лозово 2.858 2.264 -594 -20,8 %
Општина Маврово и Ростуша 8.618 5.042 −3.576 −41,4 %
Општина Македонска Каменица 8.110 6.439 −1.671 −20,6 %
Општина Македонски Брод 7.141 5.889 −1.252 −17,5 %
Општина Могила 6.710 5.283 −1.427 −21,2 %
Општина Неготино 19.212 18.194 −1.018 −5,2 %
Општина Новаци 3.549 2.648 −901 −25,3 %
Општина Ново Село 11.567 6.972 −4.595 −39,7 %
Општина Охрид 55.749 51.428 −4.321 −7,7 %
Општина Петровец 8.255 9.150 895 10,8 %
Општина Пехчево 5.517 3.983 −1.534 −27,8 %
Општина Пласница 4.545 4.222 −323 −7,1 %
Општина Прилеп 76.768 69.025 −7.743 −10,0 %
Општина Пробиштип 16.193 13.417 −2.776 −17,1 %
Општина Радовиш 28.244 24.122 −4.122 −14,5 %
Општина Ранковце 4.144 3.465 −679 −16,3 %
Општина Ресен 16.825 14.373 −2.452 −14,5 %
Општина Росоман 4.141 3.796 −345 −8,3 %
Општина Свети Николе 18.497 15.320 −3.177 −17,1 %
Општина Сопиште 5.656 6.713 1.057 18,6 %
Општина Старо Нагоричане 4.840 3.501 −1.339 −27,6 %
Општина Струга 63.376 50.980 −12.396 −19,5 %
Општина Струмица 54.676 49.995 -4.681 −8,5 %
Општина Студеничани 17.246 21.970 4.724 27,3 %
Општина Теарце 22.454 17.694 −4.760 −21,1 %
Општина Тетово 86.580 84.770 −1.810 −2,0 %
Општина Центар Жупа 6.519 3.720 −2.799 -42,9 %
Општина Чашка 7.673 7.942 269 3,5 %
Општина Чешиново-Облешево 7.490 5.471 −2.019 −26,9 %
Општина Чучер Сандево 8.493 9.200 707 8,3 %
Општина Штип 47.796 44.866 −2.930 −6,1 %

Галерија[уреди | уреди извор]


Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Во 2013 година кон Општина Кичево биле припоени општините: Зајас, Другово, Вранештица и Осломеј. Податокот се однесува на вкупното население во овие општини.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис 2021: Во С. Македонија живеат 1.836.713 граѓани или 185 илјади помалку од последниот попис“. Радио МОФ. 30 март 2022. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Започна Пописот 2021!“. Попис 2021 — Државен завод за статистика. 5 септември 2021. Посетено на 5 септември 2021.
  3. „Попис 2021“. popis2021.stat.gov.mk. Посетено на 2021-11-24.
  4. „Од понеделник почнува самопопишувањето во странство преку веб-апликација“. Радио МОФ. 27 февруари 2021. Посетено на 5 септември 2021.
  5. „Државниот завод за статистика ќе ги објави првите резултати од пописот“. Радио слободна Европа. 30 март 2022. Посетено на 1 април 2022.
  6. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 — прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]