Општина Штип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Штип

Map of Štip Municipality.svg

Знаме на Општина Штип Грб на Општина Штип
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Штип
Површина 583,24 km2 км²
Демографија
Население 47 796 жители
- проценка од 30.06.2014 48.630[1] жители
Густина на население 81,95 жит./км2 жит/км²
Локална управа
Градоначалник Илчо Захариев
Совет 23 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Васил Главинов б.б. 2000 Штип
Телефон 032 226 600, 394-466, 032 385-214, 032 391-010
Факс 032 226 601, 386-000
Портал Службен портал
Е-пошта gradonacalnik@stip.gov.mk е-пошта
Карта на Општина Штип со селските атари.
Демографска карта на Општина Штип со селските атари.

Општина Штипопштина во источна Македонија со седиште во градот Штип.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Општината Штип се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во центарот на Источна Македонија. Има површина од 810 km² на која, според пописот од 2002 година, живеат 47 796 жители. Подрачјето претежно е со планинска и ридска местоположба, со исклучок на Кочанската, Овчеполската и Лакавичката Котлина со долините на реките Брегалница и Крива Лакавица. Просечната висинска разлика, помеѓу планинските сртови и рамнинските предели по теченијата на реките, изнесува 1 300, а средната надморска висина е 250 метри. Општина Штип лежи во средното сливно подрачје на реката Брегалница. Се граничи со седум општини и тоа: Радовиш, Конче, Неготино, Градско, Лозово, Св. Николе и Карбинци, со добра местоположба и патна поврзаност.

Општината се одликува со претежно планински и ридски релјеф, како и умерено-континентална клима, со одредено влијание на изменета медитеранска клима. Просечната годишна температура изнесува 12,9 целзиусови степени, а највисоки температури се измерени во август, додека најниски во јануари. Штипската општина претставува исклучително ветровите подрачје, а ветровите дуваат преку целата година, при што општината има дури 270 денови воздушно струење. Сето тоа резултира со претежно чист воздух.[2]

Историja[уреди | уреди извор]

Археолошките наоди ја потврдуваат исклучително долгата историја на Штип и околината. Така, во околината на Штип се најдени населби од времето на праисторијата, на локалитетите: "Баби", "Фортуна", "Криви Дол" и "Караорман".[3]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во општина Штип, која вклучува 71 населено место и претставува 3,1 % од површината на Македонија, живеат вкупно 47 796 жители. Националната структура на општината ја сочинуваат:

Густината на населението изнесува: 81,95 жители на км².[4]

Населени места[уреди | уреди извор]

Населени места во Општина Штип:

Штип, Балталија, Брест, Врсаково, Горачино, Доброшани, Долани, Драгоево, Едеклерци, Јамуларци, Калапетровци, Кошево, Криви Дол, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Никоман, Ново Село, Пенуш, Пиперово, Почивало, Пухче, Сарчиево, Селце, Скандалци, Софилари, Стар Караорман, Степанци, Суво Грло, Судиќ, Сушево, Танатарци, Тестемелци, Топлиќ, Хаџи-Реџепли, Хаџи-Сејдели, Хаџи-Хамзали, Црешка, Чардаклија, Чифлик, Шашаварлија и Шопур.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Спорт[уреди | уреди извор]

  • ФК Брегалница (Штип), клубот е оформен во 1921 година. Неколку сезони игра во Првата македонска фудбалска лига, а за време на СФР Југославија има настапувано и во тогашната Втора југословенска лига - исток.
  • ФК Астибо, оформен во 1957 година. Има настапувано во Втората македонска Фудбалска лига.
  • ФК Бело Брдо, има играно во Втората македонска фудбалска лига.
  • РК Теткстилец
  • ОК Младост
  • БК Балканец
  • ППК Шампион ФА — пингпонгарски клуб кој успешно се натпреварува во супер лига на Р. Македонија. Клубот е формиран 2012 г.[5]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Процени на населението на 30.06.2014 и 31.12.2014 според полот и возраста, по општини и по статистичките региони (HTEC 3 - 2007 година)“ (на македонски). Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија. јули 2015. http://www.stat.gov.mk/publikacii/2.4.15.10.pdf. конс. 26 јануари 2016 г. 
  2. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 9.
  3. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
  4. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 8
  5. „ППК Шампион-ФА — Штип“. Пингпонгарска федерација на РМ. http://www.pingpong.com.mk/documents/клубови/ппк-шампион-фа/ппк-шампион-фа_139.aspx. конс. 4 декември 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]