Општина Дебрца
- За други значења на поимот Дебрца, видете на појаснителната страница.
- За центар на својата Општина Дебрца, видете Белчишта.
| Општина Дебрца | |||
|---|---|---|---|
| Општина | |||
Поглед на општинската зграда на Општина Дебарца во селото Белчишта | |||
| |||
![]() | |||
| Држава | Македонија | ||
| Седиште | Белчишта | ||
| Населени места | Список
| ||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Златко Силјаноски (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 425,39 км2 (164,24 ми2) | ||
| Население (2021)[1] | |||
| • Вкупно | 3.719 | ||
| • Густина | 8,7/км2 (23/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
| Повикувачки број | +046 | ||
| Регистарски таблички | OH | ||
| Мреж. место | debrca.gov.mk | ||
Општина Дебрца — општина во западниот дел на Македонија. Општината е создадена согласно законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година со спојување на општините Белчишта и Мешеишта. На север граничи со Општина Кичево (порано Општина Другово), на југ со Општина Охрид, на исток со Општина Демир Хисар, а на запад со Општина Струга. Центар на општината е селото Белчишта. Општина Дебрца е единствена општина во Македонија која не е именувана по општинскиот центар, туку по географската област.
Географија
[уреди | уреди извор]Општина Дебрца се наоѓа во југозападна Македонија. Околни Општини, кои граничат со Општина Дебрца се:
- Од север: Општина Кичево (порано Општина Другово)
- Од југ: Општина Охрид
- Од исток: Општина Демир Хисар
- Од запад: Општина Струга
Главно населено место во општината е селото Белчишта.


Историја
[уреди | уреди извор]Дебрца има важна улога за време на НОБ. На 18 август 1943 година, на Славеј Планина, Дебрца, е формиран првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“, а на 11 ноември истата година во селото Сливово е формирана Првата македонско-косовска ударна бригада. Во селото Црвена Вода, пак, во месец ноември 1943 година е формиран Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Демографија
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
| Забелешка: Податоците се однесуваат на населените места во Општина Дебрца според административната поделба од 2004 година. Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, општината имала население од 5.507 жители, од кои
| Народ | Вкупно | Удел (%) |
|---|---|---|
| Македонци | 5.323 | 96,68 |
| Албанци | 153 | 2,78 |
| Турци | 2 | 0,04 |
| Роми | 0 | 0,00 |
| Власи | 0 | 0,00 |
| Срби | 8 | 0,14 |
| Бошњаци | 0 | 0,00 |
| останати | 20 | 0,34 |
| Вероисповед | Вкупно |
| православни | 5.322 |
| муслимани | 167 |
| католици | 6 |
| протестанти | 1 |
| останати | 11 |
| Јазик | Вкупно |
| македонски | 5.322 |
| албански | 154 |
| турски | 2 |
| ромски | 0 |
| влашки | 0 |
| српски | 12 |
| бошњачки | 0 |
| останати | 17 |
Според последниот попис од 2021 година, општината имала население од 3.719 жители, од кои
| Народ | Вкупно | Удел (%) |
|---|---|---|
| Македонци | 3.330 | 89,54 |
| Албанци | 59 | 1,59 |
| Турци | 2 | 0,01 |
| Роми | 0 | 0,00 |
| Власи | 0 | 0,00 |
| Срби | 1 | 0,01 |
| Бошњаци | 3 | 0,01 |
| останати | 8 | 0,02 |
| лица без податоци | 316 | 8,82 |
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник на Општина Дебрца е Златко Силјаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[2]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 9 члена.[3]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Манастир „Сите Свети“ во село Лешани.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Дополнување на Заклучок за конечност на резултати од гласањето во втор круг за Локалните Избори 2025 година одржани на 02.11.2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 6 ноември 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
- ↑ „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Дебрца во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- Страница за Општина Дебрца
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||


