Грко Поле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грко Поле
Викиекспедиција Дебарца 152.jpg

Поглед на селото Грко Поле

Грко Поле is located in Македонија
Грко Поле
Местоположба на Грко Поле во Македонија
Координати 41°17′25″N 20°51′54″E / 41.29028° СГШ; 20.86500° ИГД / 41.29028; 20.86500Координати: 41°17′25″N 20°51′54″E / 41.29028° СГШ; 20.86500° ИГД / 41.29028; 20.86500
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебарца
Област Дебарца
Население 30[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Надм. вис. 887 м
Commons-logo.svg Грко Поле на Ризницата


Грко Поле — село на Општина Дебарца, во областа Дебарца, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Грко Поле се наоѓа во областа Дебарца. Околни села се Велмеј на северозапад, Лешани на југ, и Горно и Долно Средоречие на запад.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век, Грко Поле се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Грко Поле имало 20 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грко Поле имало 48 жители.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 30 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 20 48 60 59 52 63 55 37 27 30
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Грко Поле е македонско православно село. Селото е младо по постанок, основано е средината на XIX век од грчкиот род Маргаритовци, кои живееле во Охрид. Тие на лето живееле во селото додека зиме биле во Охрид. Потоа со селото завладеале Турци, тие ја купиле земјата и потоа се населиле македонски родови кои работеле за нив. Најстари родови во селото се Сошанковци и Џукаровци, пред крај на турското владеење се населиле и Малесорци.[8]

Родови во Грко Поле се: Сошанковци (6 к.) доселени се средината на XIX век од селото Сошани, каде биле старинци; Џукаровци (2 к.) доселени во исто време со Сошанковци, доселени се од селото Белчишта, таму биле старинци и Малесорци (3 к.), доселени се 1909 година од селото Присовјани, Малесија.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Грко Поле се:

Лукачовци (2 к.), доселени се околу 1870 година од селото Белчишта, каде имаат истоимени роднини, уште подалечно потекло имаат од селото Луково, Дримкол; Крстевци (5 к.), доселени се во 1898 година од селото Долно Средоречие, а таму се доселиле од селото Сошани (затоа ги викаат и Сошанковци) во Сошани припаѓале на родовите Иловци и Андревци; Ристовци (3 к.), доселени се во 1913 година од селото Присовјани, Малесија, каде припаѓале на родот Грковци, ги викаат и Малесорци (по областа Малесија)[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Грко Поле, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Грко Поле се наоѓало во некогашната Општина Велмеј, во која влегувале селата Брежани, Велмеј, Грко Поле и Лешани.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[9]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Ристовци иселеници има во Австрија (две фамилии, од 1920 година).[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 26 септември 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 . Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебарца “ Грко Поле. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  8. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670251582. OCLC 27418468. http://worldcat.org/oclc/27418468. 
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]