Лешани
Лешани | |
![]() Поглед на селото Лешани од камбанаријата на црквата „Св. Никола“ | |
Координати 41°16′40″N 20°51′38″E / 41.27778° СГШ; 20.86056° ИГДКоординати: 41°16′40″N 20°51′38″E / 41.27778° СГШ; 20.86056° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Дебарца |
Население | 484[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Надм. вис. | 1.086 м |
![]() |
Лешани — село на Општина Дебарца, во областа Дебарца, во околината на градот Охрид.
Содржина
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Лешани се наоѓа во областа Дебарца. Околни села се Велмеј од североисток, Грко Поле, Горно и Долно Средоречие од север и северозапад, Злести од запад и Куратица од југ.
Историја[уреди | уреди извор]
Во 19 век, Лешани се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.
Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]
Според едно предание, името на селото потекнува од „Лешок“, еден од тројцата браќа кои на различни страни си ја побарале среќата, а Лешок се населил тука.[2]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Во минатото, освен земјоделството, голем дел од населението било вработено во фабричкиот погон на ЕМО за метални конструкции.[3]
Поради поволните услови, планинска вода и рамно поле, жителите главно се занимаваат со одгледување на компир, грав и пченка.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лешани имало 450 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешани имало 480 жители.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Лешани живееле 484 жители, од кои 483 Македонци и 1 Србин.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450 | 480 | 709 | 752 | 769 | 703 | 706 | 588 | 472 | 484 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Лешани е македонско село.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Дебрца“ до IX одделение[11], подрачно училиште на ОУ „Дебрца“ - Белчишта
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Лешани, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Лешани се наоѓало во некогашната Општина Велмеј, во која влегувале селата Брежани, Велмеј, Грко Поле и Лешани.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[12]
- Црква „Сите Светци“ — главна манастирска црква на истоимениот манастир; изградена во 1450 година;
- Црква „Покров на Пресвета Богородица“ — нова манастирска црква во Лешанскиот манастир;
- Црква „Св. Никола“ — градена од 1909 до 1919 година, а осветена во 1920 година. Иконите на иконостасот се изработени од Русалим Крсев од Лазарополе во 1909 година;
- Црква „Св. Петар“ — понова црква, сè уште неосветена;
- Црква „Св. Атанасиј“ — во изградба;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — возобновена во 1979 година.
- Манастири
- Лешански манастир — средновековен манастир
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени
- Славе Банар (5 јануари 1954) — македонски поет и раскажувач
- Ангел Попвасилев — македонски револуционер
- Васил Попангелов — македонски револуционер
- Петар Николов — македонски револуционер
- Стојан Ристески — македонси научник
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Постари иселеници може да се најдат во САД.[9]
Од поново време иселеници од селото има во Охрид, Струга, Тетово, Скопје, Битола и во Австралија, САД и Канада.[10]
Галерија[уреди | уреди извор]
Панорамски поглед на Лешани од селото Горно Средоречие
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 6 септември 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „Патувачко кино“ (PDF). Македокс. 2015. конс. 7 септември 2016.
- ↑ Казиовска, Соња. „Луѓе бараат иљач од сите светии во манастирот над Лешани“, „Дневник“, МПМ Македонија, 6 јуни 2015 (посет. 15 септември 2016 г). (на македонски)
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 9,0 9,1 . Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебарца “ Лешани.
- ↑ 10,0 10,1 Ристески, Стојан (2000). Лешани. Струга: Ирис.
- ↑ „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебарца“ - Белчишта. конс. 22 август 2016.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Лешани“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Лешани на Google Maps.
|