Волино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Волино
Волино is located in Македонија
Волино
Местоположба на Волино во Македонија
Координати 41°13′13″N 20°44′26″E / 41.22028° СГШ; 20.74056° ИГД / 41.22028; 20.74056Координати: 41°13′13″N 20°44′26″E / 41.22028° СГШ; 20.74056° ИГД / 41.22028; 20.74056
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебарца
Население 462 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 693 м
Мреж. место Волино
Фонтана во сретселото.

Волино е село во Општина Дебарца, во околината на градот Струга.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Споменици од НОБ] во сретселото.

Селото се наоѓа во Струшкото Поле, во близина на реката Сатеска. Оддалечено е подеднакво 15 километри од најблиските два града, Охрид и Струга.

Историја[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 45 домаќинства со 120 жители христијани (Македонци).[1]

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 330 жители христијани (Македонци).[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Волино имало 280 Македонци, егзархисти.[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во селото Волино живеат 462 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 330[2] 280[3] 609 666 739 752 863 690 512 462

Родови[уреди | уреди извор]

Волино е македонско православно село. Во селото има и староседелски и доселенички родови, кои се делат на родови кои си го знаат потеклото и родови со непознато потекло.[6]

Родови староседелски и доселенички со непознато место на старина се: Скепаровци (6 к.); Ѓошовци или Чалдрмовци (4 к.); Каросковци (10 к.); Марковци (20 к.); Сиљановци (10 к.); Мочаровци (7 к.); Ивановци (7 к.); Ногачевци (6 к.); Петковци (3 к.); Тупанчевци (7 к.); Ѓоросановци (5 к.); Терзиовци (9 к.) и Стојевци (8 к.).

Доселеници со познато потекло се: Трпковци (8 к.), Доневци (3 к.), Јанкуловци (7 к.) и Трповци (4 к.) доселени се од соседното сега албанско село Ливада, доселени се во времето кога во Ливада почнале да се населуваат Албанците муслимани, односно околу 1870-тите; Скуртевци (4 к.) доселени се од струшкото село Биџево; Ливоиштани (5 к.) доселени се од охридското село Ливоишта.

Сите доселенички родови во селото се доселени до крајот на османското владеење.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви[8]
  • Црква "Света Недела" - темелите се осветени на 18 септември 1994 година.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

ФК Сатеска (Волино)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.102-103.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.253
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 164 – 165.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670251582. OCLC 27418468. http://worldcat.org/oclc/27418468. 
  7. "За училиштето". македонски: ОУ „Дебарца“ - Белчишта. конс. 22 август 2016. 
  8. "Цркви" (македонски). Дебарско-кичевска епархија. конс. 2010-08-22. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]