Белчишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Белчишта
Викиекспедиција Дебарца 70.jpg

Седиште на општината на сретсело во Белчишта

Белчишта is located in Македонија
Белчишта
Местоположба на Белчишта во Македонија
Координати 41°18′10″N 20°49′49″E / 41.30278° N; 20.83028° E / 41.30278; 20.83028Координати: 41°18′10″N 20°49′49″E / 41.30278° N; 20.83028° E / 41.30278; 20.83028
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебрца
Област Дебрца
Население 437[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Надм. вис. 780 м
Белчишта на општинската карта
Белчишта во Општина Дебарца.svg

Атарот на Белчишта во рамките на општината
Commons-logo.svg Белчишта на Ризницата


Белчишта — село и административно седиште на Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Белчишта е сместено во котлината Дебрца и претставува административно седиште на Општина Дебрца. Околни села се Ботун и Ново Село на запад и југозапад, Злести на југ, Горно и Долно Средоречје на исток, и Издеглавје и Песочани на север и северозапад.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Белчишта се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Белчишта имало 650 жители, сите Македонци христијани.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Белчишта имало 752 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Белчишта живееле 437 жители, од кои 436 Македонци и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 650 752 989 1.122 1.203 788 615 620 489 437
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Белчишта е македонско село

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Белчишта се:[7]

  • Староседелци: Таневци (23 к.), се делат на Недевци, Целевци, Настовци и Дуловци; Дојчиновци (5 к.), еден дел од родот се вика Филиповци; Блажевци или Новевци (7 к.); Блажевци (1 к.); Аировци (4 к.); Стевчевци и Боцевци (3 к.); Зељаровци (6 к.), се делат на Боклевци и Дичовци; Каљушовци (4 к.); Гредовци (8 к.); Мицковци (1 к.); Буљуковци (13 к.); Мушевци (1 к.); Нејковци (5 к.); Опеловци (2 к.); Кулевци или Циљковци (6 к.), некои од овој род се викаат Сиљановци, а други Сејсановци; Суклевци (4 к.); Гуцевци (1 к.); Чечовци (3 к.); Крчевци (3 к.); Тошевци (2 к.); Кочовци (3 к.) и Шаќировци (3 к.).
  • Доселенички родови: Косарковци (4 к.), доселени се од селото Брежани; Рајчиновци (11 к.), доселени се од Дебарско, веројатно од селото Рајчица; Лукачовци (30 к.), се делат на Лукачевци, Василевци, Молковци и Стојковци, доселени се од селото Луково, Дебарски Дримкол; Малинковци (2 к.), доселени се од селото Брежани; Веровци (1 к.) и Гушевци (1 к.), доселени се од Охрид.
  • Доселеници со непознато потекло: Букалевци (1 к.) и Китевци (4 к.).
  • Роми: Максутовци (1 к.), доселени се од Кичево.

Според истражувањата пак на Јован Трифуноски во 1978 година, родови во селото се:[8]

  • Староседелски родови се: Каљушовци (10 куќи), Гредовци (10 куќи), Прлевци (8 куќи), Буљуковци (6 куќи), Белковци (4 куќи) , Шеќировци (8 куќи), Лупановци (9 куќи), Тошевци (4 куќи), Боцевци (20 куќи), Поповци (12 куќи) и Бутевци (8 куќи).
  • Доселенички родови се: Таневци (40 куќи) доселени од селото Требеништа; Крчевци (8 куќи) доселени се од селото Слатино; Соколовци (целосно иселени од селото) доселени се од Мешеишта; Чифлижановци (10 куќи) и Василевци (15 куќи) не го знаат местото на старина.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Административни
  • Општина
  • Месна заедница
  • Пошта
  • Полиција[9]
Здравствени
  • Амбуланта
Културни
  • Уметничка галерија
Образовни

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед на главниот објект на основното училиште „Дебрца“
Дел од сретселото

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Белчишта, се наоѓале и селата Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Белчишта се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1314 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на општинска зграда.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 314 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[13][14][15]
Параклиси
Блата

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 септември 2016.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика.
  7. Русиќ, Бранислав. Дебрца. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
  8. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ.
  9. "Отворена полициска канцеларија во село Белчишта". OhridNews. Охрид. 4 декември 2013. Посетено на 5 септември 2016.
  10. "За училиштето". македонски: ОУ „Дебрца“ - Белчишта. Посетено на 22 август 2016.
  11. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  12. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. "Христијански храмови и свети места во Охридско". Македонска нација. Посетено на 2010-07-25.
  15. „Христијански храмови и свети места во Охридско“, Гоце Ангеличин – Жура, Охрид 2007
  16. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  17. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  18. 18,0 18,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
  19. 19,0 19,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  20. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македониј.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]