Прејди на содржината

Општина Јегуновце

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Јегуновце
Општина
Знаме на Општина ЈегуновцеГрб на Општина Јегуновце
Карта
Границите на Општина Јегуновце
ДржаваМакедонија
РегионПолошки
Година кога е основана1996
СедиштеЈегуновце
Населени места
Управа
  ГрадоначалникДимитар Костадиноски (ВМРО-ДПМНЕ)
Површина
  Вкупна176,93 км2 (68,31 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно8.895
  Густина50/км2 (130/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+044
Регистарски табличкиTE
Мреж. местоopstinajegunovce.gov.mk

Општина Јегуновцеопштина во областа Долни Полог, Западна Македонија. Седиште на општината е селото Јегуновце, а градоначалник е Димитар Костадиноски.

Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година кон поранешната општина Јегуновце е припоена и Општина Вратница.

Етимологија

[уреди | уреди извор]

Името на општината е добиено според своето административно и географско средиште, селото Јегуновце. Ова име првпат се појавува во пишани извори во XIX век, каде што се среќава во форма „Егуновце“. Потеклото на името е поврзано со зборот егумен или игумен, кој во православната црковна традиција означува старешина или управител на манастир. Оттука, називот Егуменовци означувал луѓе или заедница поврзана со игуменот, а со текот на времето преку народна и јазична адаптација ја добил денешна форма Јегуновце.[2]

Грб и знаме

[уреди | уреди извор]

Грбот ја претставува општината преку неколку препознатливи елементи сместени во рамките на штит. Централна фигура е буквата „Ј“, која го симболизира името Јегуновце и ја истакнува општината како посебна заедница. Во позадината се наоѓа приказ на планините, како потсетник на природното богатство и географската положба на овој крај. Дополнително, претставена е фабрика, што ја отсликува индустриската традиција и стопанската активност. На грбот има и ѕвезди, кои ги симболизираат населените места на општината и нивната меѓусебна поврзаност. Во долниот дел е вметната годината на основање на општината, како белег на историскиот развој. Грбот бил официјално усвоен во 1996 година.

Знамето на Општина Јегуновце е со основна црвена боја, што ја симболизира енергијата, традицијата и заедништвото. Во левиот горен агол е поставен грбот на општината, како носител на локалниот идентитет. На знамето се истакнати единаесет жолти ѕвезди, чиј број одговара на бројот на населените места во општината пред присоединувањето на Општина Вратница во 2005 година. Поставеноста на ѕвездите не е случајна, туку е усогласена со нивната географска распределба на картата на општината. Ова симболично претставува заедничко постоење и рамнотежа меѓу сите населени места. Знамето било усвоено во 1996 година.

Географија

[уреди | уреди извор]

Општина Јегуновце е општина во северозападниот дел на Македонија, во областа Долни Полог. Морфолошки се наоѓа меѓу западната падина на варовничката планина Жеден и јужната падина на Шар Планина, односно е сместена на пространата алувијална рамнина на реката Вардар. На запад граничи со Општина Теарце, на север со Република Косово, на југ со Општина Желино, а на исток со Општина Сарај. Центарот на општината, селото Јегуновце, е оддалечено околу 20 километри од најблискиот град Тетово, a 35 километри од главиот град Скопје.

Општина Јегуновце се простира на површина од 174 км², а во нејзините рамки се наоѓаат вкупно 17 населени места, кои може да се поделат на две групи според географската поставеност: во рамничарскиот и во планинскиот дел на територијата. Планинските населби се сместени во подножјето и падините на Шар Планина и се одликуваат со почиста клима, повисока надморска височина и поразвиено сточарство и шумарство. Од нив, Старо Село претставува највисоко населено место во општината, сместено на 870 метри надморска височина. Од друга страна, рамничарските села се протегаат во котлинскиот дел, покрај реката Вардар и плодните полиња околу неа. Овие населби имаат порамномерна структура, подобри услови за земјоделство и полесна достапност до патната инфраструктура. Најниско место во општината е селото Туденце, кое се наоѓа на 385 метри надморска височина. Со вакви природни разлики, општината Јегуновце претставува простор со изразена разновидност – од високопланински услови погодни за сточарство и туризам, па сè до рамничарски области со богати земјоделски површини.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Границите на Општина Јегуновце во периодот 1996-2005 година.
Карта на Општина Јегуновце со атарите/катастарските општини.

Просторот на Општина Јегуновце претставува подрачје со исклучително богата историја и културно наследство, кое било населено уште од најраните историски периоди. Археолошките истражувања и бројните пронајдоци сведочат дека животот на овие простори постоел уште од 5 и 6 век. Ова укажува на континуитет на населување и развој на локалните заедници низ различни епохи.[3]

Како материјални сведоштва на овој континуитет се појавуваат разновидни археолошки наоди – некрополи кои зборуваат за погребните обичаи и организацијата на древните жители, ранохристијански градби кои ја потврдуваат раната распространетост на христијанството, како и средновековни цркви што ја рефлектираат духовната и културната традиција на населението. Покрај нив, пронајдени се и други вредни предмети и градби кои го претставуваат богатството и разновидноста на културното наследство на регионот.[3]

Овие археолошки и историски сведоштва не само што ја потврдуваат долгата историја на населување на општината, туку истовремено ја истакнуваат нејзината важност како простор на кој се испреплетувале различни култури, традиции и историски процеси низ вековите.

Општина Јегуновце како самостојна административно-територијална единица е официјално формирана на 18 декември 1996 година. Овој датум има особено значење за локалната самоуправа, бидејќи токму тогаш се одржала првата конститутивна седница на Советот на Општината, на која бил конституиран првиот Совет и со тоа започнала формалната работа на општинските органи. Во спомен на тој историски момент, 18 декември е востановен како празник на Општина Јегуновце.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Демографска карта на Општина Јегуновце според пописот од 2002 година.

Според пописот од 2002 година, во Општина Јегуновце живееле 10.790 жители.[4] Според последниот попис од 2021 година, во општината живееле 8.895 жители.

Вкупно население според изјаснувањето за етничката припадност
2002 2021 Вкупна промена Процентуална промена
Етничка припадност број % број %
Македонци 5.963 55.26 4.746 53.36 −1.217 −1.9
Албанци 4.642 44.02 3.482 39.15 −1.160 −4.87
Турци 4 0.04 0 0.00 −4 −0.04
Роми 41 0.38 49 0.55 8 0.17
Власи 0 0.00 0 0.00 0 0.00
Срби 109 1.01 89 1 −20 −0.01
Бошњаци 1 0.01 0 0.00 −1 −0.01
Останати 30 0.28 11 0.12 −19 −0.16
Не се изјасниле 0 0.00 0 0.00 0 0.00
Непознато 0 0.00 0 0.00 0 0.00
Лица без податоци / / 518 5.82 518 5.82
Вкупно 10.790 100 8.895 100 −1.895 −17.5
Вкупно население според изјаснувањето за религиската припадност
2002 2021 Вкупна промена Процентуална промена
Религиска припадност број % број %
Христијани 6.081 56.37 4.843 54.45 −1.238 −1.92
     Православни 6.078 56.34 4.821 54.20 −1.257 −2.14
     Католици 3 0.03 21 0.24 18 0.21
     Протестанти / / 1 0.01 1 0.01
     Евангелисти / / 0 0.00 0 0.00
     Евангелисти-методисти / / 0 0.00 0 0.00
     Јеховини сведоци / / 0 0.00 0 0.00
Муслимани 4.692 43.49 3.522 39.60 −1.170 −3.89
Друго 15 0.14 0 0.00 −15 −0.14
Не е верник (атеист) / / 11 0.12 11 0.12
Не се изјаснил 0 0.00 1 0.01 1 0.01
Непознато 0 0.00 0 0.00 0 0.00
Лица без податоци / / 518 5.82 518 5.82
Вкупно 10.790 100 8.895 100 −1.895 −17.5
Вкупно население според мајчиниот јазик
2002 2021 Вкупна промена Процентуална промена
Мајчин јазик број % број %
Македонски 6.012 55.72 4.789 53.84 −1.223 −1.88
Албански 4.645 43.05 3.524 39.62 −1.121 −3.43
Турски 4 0.04 0 0.00 −4 −0.04
Ромски 41 0.38 26 0.29 −15 −0.09
Влашки 1 0.01 0 0.00 −1 −0.01
Српски 59 0.54 34 0.39 −25 −0.15
Бошњачки 0 0.00 1 0.01 1 0.01
Останати 28 0.26 3 0.03 −25 −0.23
Знаковен јазик / / 0 0.00 0 0.00
Непознато 0 0.00 0 0.00 0 0.00
Лица без податоци / / 518 5.82 518 5.82
Вкупно 10.790 100 8.895 100 −1.895 −17.5

Населени места

[уреди | уреди извор]

Во состав на општината Јегуновце влегуваат 17 села:

Вкупно Плурална етничка група Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Други Не се изјасниле Непознато Лица за кои податоците се преземени од административни извори
Општина Јегуновце 8.895
4.746 / 8.895
4.746 3.482 - 49 - 89 - 11 - - 518
Беловиште 230
187 / 230
187 - - - - 13 - 1 - - 29
Вратница 364
301 / 364
301 1 - - - 10 - 1 - - 51
Жилче 543
515 / 543
515 2 - - - - - - - - 26
Јажинце 913
884 / 913
- 884 - - - - - - - - 29
Јанчиште 481
451 / 481
451 - - - - 18 - 1 - - 11
Јегуновце 705
631 / 705
631 3 - 14 - 6 - - - - 51
Копанце 844
548 / 844
196 548 - - - - - - - - 100
Орашје 625
569 / 625
- 569 - - - - - - - - 56
Подбреге 199
171 / 199
171 - - 11 - 10 - - - - 7
Прељубиште 339
210 / 339
210 68 - 24 - 2 - 2 - - 33
Раотинце 482
443 / 482
443 11 - - - - - - - - 28
Ратае 401
385 / 401
385 - - - - 8 - - - - 8
Рогачево 282
250 / 282
250 - - - - 10 - 3 - - 19
Сиричино 399
363 / 399
363 1 - - - 5 - - - - 30
Старо Село 185
169 / 185
169 - - - - 6 - 3 - - 7
Туденце 371
358 / 371
358 2 - - - - - - - - 11
Шемшево 1.532
1.393 / 1.532
116 1.393 - - - 1 - - - - 22

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Седиштето на Општина Јегуновце.

Училишта

Пошта

Дом на култура

Железнички станици

Друго

Културни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Цркви

Џамии

Археолошки наоѓалишта

Споменици

Природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Реки

Езера

Месност

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Јегуновце е Димитар Костадиноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. На локалните избори од 2025 година Димитар Костадиноски добил втор мандат.[5]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена.[6] Според последните локални избори од 2025 година, членовите на советот според политичката припадност се:

  ВМРО-ДПМНЕ: 5 места
  ДУИ: 2 места
  ВРЕДИ: 2 места
  СДСМ: 1 место
  ЗНАМ: 1 место

Членови на совет

[уреди | уреди извор]
Моментален состав (2025-2029)
Бр. Советник Политичка партија
1. Марија Рафајловска ВМРО-ДПМНЕ
2. Сашо Димитриевски
3. Атефан Антовски
4. Ана Ристовска
5. Анастасија Стефановска
6. Арбин Сабрии ДУИ
7. Садије Џајредини
8. Фисник Алити ВРЕДИ
9. Артан Адили
10. Мартина Стојаноска СДСМ
11. Стефан Јанчевски ЗНАМ
2021 - 2025 2017 - 2021 2013 - 2017
Бр. Советник Политичка партија Бр. Советник Политичка партија Бр. Советник Политичка партија
1. Томислав Илоски ВМРО-ДПМНЕ 1. Бојан Симовски СДСМ 1. Александар Митревски ВМРО-ДПМНЕ
2. Мирослав Димовиќ 2. Бобан Стојаноски 2. Кристина Томовска-Ристовска
3. Жаклина Серафимовска 3. Олгица Трпчевска 3. Ане Апостоловски
4. Симона Мисајлоска 4. Веле Ристоски 4. Билјана Тошевска
5. Милан Антовски 5. Славица Јованоска 5. Трпко Кировски
6. Александар Стефановиќ СДСМ 6. Далиборка Аполстолска 6. Ивица Савески
7. Небојша Гаврилоски 7. Ангеле Јовановски ВМРО-ДПМНЕ 7. Марјан Матоски СДСМ
8. Бети Мишовска 8. Дарко Цветкоски 8. Тони Трпчевски
9. Орхан Сабрии ДУИ 9. Јасмина Миловска 9. Кристина Милосавлеска
10. Артан Адили 10. Трпко Кировски 10. Зоран Мартиновски
11. Сихан Ајети 11. Бобан Здравковски 11. Орхан Сабрии ДУИ
12. Семире Исмаили АА 12. Орхан Сабрии ДУИ 12. Себехат Рушити
13. Новица Петровски Левица 13. Алјит Рушити 13. Умер Далифи
14. Кимете Камери 14. Жарко Јанчески НДМ
15. Жарко Јанчески НДМ 15. Ќемаљ Емини ДПА

Резултати од избори

[уреди | уреди извор]
Избори Совет Градоначалник Излезност (круг)
Партија Гласови Мандати Градоначалник, Партија Прв Втор
Локални избори 2025 ВМРО-ДПМНЕ 1.947 гласови

(41.41%)

5 / 11
Димитар Костадиноски, ВМРО-ДПМНЕ

2.742 гласови (58.32%)

47,11 / 100
нема
Локални избори 2021 ВМРО-ДПМНЕ 1.650 гласови

(35.29%)

5 / 13
Димитар Костадиноски, ВМРО-ДПМНЕ

2.412 гласови (54.01%)

43,79 / 100
нема
Локални избори 2017 СДСМ 1.883 гласови
6 / 15
Дарко Блажески, СДСМ

2.202 гласови

Дарко Блажески, СДСМ

2.739 гласови (61.79%)

0 / 100
43,19 / 100
Тони Коцески, ВМРО-ДПМНЕ

1.648 гласови

Локални избори 2013 ВМРО-ДПМНЕ 1.815 гласови

(30.68%)

6 / 15
Дарко Блажески, СДСМ

2.165 гласови (36.6%)

Тони Коцески, ВМРО-ДПМНЕ

2.690 гласови (54.97%)

61,78 / 100
0 / 100
Тони Коцески, ВМРО-ДПМНЕ

1.831 гласови (30.95%)

Локални избори 2009 ВМРО-ДПМНЕ Тони Коцески, ВМРО-ДПМНЕ

2.226 гласови (59.66%)

32,23 / 100
нема
Локални избори 2005 ВМРО-ДПМНЕ Тони Коцески, ВМРО-ДПМНЕ

4.425 гласови

0 / 100
нема

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 102. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 1 2 3 „Локација“. Општина Јегуновце. Архивирано од изворникот на 2025-12-18. Посетено на 2025-09-18.
  4. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  5. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  6. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]