Беловиште (Тетовско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Беловиште
Centar na Belovište.JPG

Центарот на Беловиште

Беловиште is located in Македонија
Беловиште
Местоположба на Беловиште во Македонија
Координати 42°08′12″N 21°06′15″E / 42.13667° СГШ; 21.10417° ИГД / 42.13667; 21.10417Координати: 42°08′12″N 21°06′15″E / 42.13667° СГШ; 21.10417° ИГД / 42.13667; 21.10417
Општина Општина Јегуновце
Население 311 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 669 м
Commons-logo.svg Беловиште на Ризницата

Беловиште е село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година Беловиште е запишано како село со 47 домаќинства.[1]

Беловиште името го добило по беложолтата боја на глината што ја има на една падина над селото. Населбата е од збиен тип на куќи и со повеќе маала: Печинско, Попоско, Маркоско, Степанско, кои се меѓусебно поврзани. Над селото се наоѓа месноста Градиште со остатоци од ѕидини за кои се смета дека се од римско време.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Беловиште живееле 550 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Беловиште имало 600 Македонци, патријаршисти.[3]

според Афанасиј Селишчев во 1929 година Беловиште е село во Вратничката општина и има 102 куќи со 960 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 311 жители. Следува табела на националната структура на населението: [5]

Националност Вкупно
Македонци 304
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 7
Бошњаци 0
Други 0

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [6]

Година 1900 1905 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 550[7] 600[8] 960[9] 888 888 809 825 851 907 316 311

Родови[уреди | уреди извор]

Беловиште е македонско село.

Родови во селото се: Марковци (17 к.), Поповци (34 к.) и Степановци (24 к.) староседелски родови. Од родот Поповци потекнувале селските свештеници (Деспот, Серафил, Стефан, Ѓоргија и Мисајл); Пејчиновци (32 к.) доселени се од некое место во Албанија. Пред доселувањето во Беловиште живееле во околината на Качаник (некои мислат во селото Котлина); Шукои (3 к.) доселени се од некое албанско село во Качаничка клисура; Гроздановци (10 к.) доселени се од селото Јелошник на Шар Планина; Вељановци (6 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Старо Село, таму припаѓале на истоимениот староседелски род; Душан (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Доброште; Борис (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Требош; Божин (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Јелошник; Душан (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Селце, во Средска (денес во Косово); Сане (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Жилче; Димко (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Теарце; Терзинци (1 к.) основачот на родот по мајка дошол од селото Непроштено.

Роми: Реџо (1 к.) селски ковач. Доселени од соседното село Доброште.[10]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Богородица“ во Беловиште
Цркви[11]
Археолошки локалитети
  • Градиште - утврдена населба од доцниантичкото време;[12]
  • Поле - населба од доцниантичкото време;[13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • FK BSK (Beloviste)
  • Karate klub "TIGAR 2003"(Beloviste)

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 22.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
  9. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 22.
  10. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 302-303-304. 
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. (на српски) Srpski etnografski zbornik (90-91 издание). Srpska akademija nauka i umetnosti. 1976. 
  13. Алексова Б., 1959, 225

Надворешни врски[уреди | уреди извор]