Качаник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Качаник
општина и град
Kaçanik
Качаник is located in Косово
Качаник
Качаник
Местоположба во Косово
Координати: 42°13′N 21°15′E / 42.217° СГШ; 21.250° ИГД / 42.217; 21.250
ДржаваРепублика Косово
ОкругУрошевац
Управа
 • ГрадоначалникБесим Иљази
Површина
 • општина и град221 км2 (85 ми2)
Население (2011)
 • општина и град33,409
 • Густина158,4/км2 (4,100/ми2)
 • Градскo10,393
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Повик. бр.+377
Таблици05
Мреж. местоОпштина Качаник

Качаник (српски: Качаник, албански: Kaçanik) — град и општина во јужниот дел на Косово, во округот Урошевац. Општината зафаќа површина од 211 км2, вклучувајќи го градот Качаник и 31 село. Има население од 33.409 жители од кои 10.393 живеат во градот. Мнозинството на општината го сочинуваат Албанците. Во март 2011 година создадена е општината Генерал Јанковиќ (алб. Elez Han), која дотогаш беше во склоп на оваа општина.

Историја[уреди | уреди извор]

Качаник во 1920 г.

Регионот на Качаник беше еден од главните миграциони патишта во јужниот дел на Балканот меѓу 1200 и 1150 година пред нашата ера. Римските споменици вклучуваат олтар кој датира 158-9 година и е посветен на богот по име Андинус. Името Андинус се појавува помеѓу централните илирски и далматински имиња, но поклонувањата на Андинус се чини дека беа познати само во југозападниот дел на Дарданија, и не се појавува во други делови на Илирија или Римското Царство. Во средниот век, овој регион е дел од Србија.

Самиот град е основан од страна на Koџа Синан Паша, кој подигна кула, џамија која постои и денес, јавна кујна за сиромашните, училиште во близина на џамијата, две меани, една турски бања (амам), градска тврдина и неколку воденици на реката Лепенец. Челебија, кој во 1660 година патувал низ Косово, пишува дека името на градот потекнува од турскиот збор Kaçanlar кој се однесувал на група албански бандити кои работат во Скопје и го користат регионот на Качаник како засолниште.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Со оглед дека преку Качаник води главниот пат кој ги поврзува Приштина и Скопје, како и железничката пруга Косово Поле - Солун (изградена во 1879 година), Качаник е важно место и стратешка економска точка.

Општината Качаник главно е позната по производство на градежни материјали во неколку компании. Но, постојат многу добро култивирани области погодни за развој на фарми, пчеларство, дрварство како и разни занаетчии и ракотворци. Оваа област е особено добро прилагодена за развој на зимски и летен туризам. Областа може да се пофали со некои спектакуларни погледи и центарот на градот е дом на автобуска станица, радио станица, остатоци од турска тврдина, неколку улици со продавници, банки, неколку големи модерни ресторани, и неделен пазар за производство, сточарството и земјоделство.

Качаник има стара традиција во приватно производство, особено кога станува збор за производство на варовнички камен, дрво за градежни цели и други услуги и занаетчиски вештини.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 42°14′48″N 21°15′19″E / 42.24667° СГШ; 21.25528° ИГД / 42.24667; 21.25528