Теарце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Теарце
Теарце is located in Македонија
Теарце
Местоположба на Теарце во Македонија
Координати 42°4′27″N 21°3′9″E / 42.07417° СГШ; 21.05250° ИГД / 42.07417; 21.05250Координати: 42°4′27″N 21°3′9″E / 42.07417° СГШ; 21.05250° ИГД / 42.07417; 21.05250
Општина Општина Теарце
Население 3974 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1224
Надм. вис. 540 м
Теарце на општинската карта
Теарце во Општина Теарце.svg

Атарот на Теарце во рамките на општината
Commons-logo.svg Теарце на Ризницата


Теарцесело во Општина Теарце, северозападна Македонија и административен центар на Општина Теарце.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Теарце се наоѓа во Долен Полог, североисточна Македонија. Денес во состав на селото се наоѓа и Отушиште, кое порано било посебно село, но подоцна се споило со него со растот на двете села.

Историja[уреди | уреди извор]

Според турски документи од 1628 година село Техарче и бјузјург се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 84 семејства (ханиња).

За време на Втората светска војна и бугарската окупација, селото било преименувано во Пејчиново, во чест на Кирил Пејчиновиќ, кој е од Теарце..[1]

Археолошки локалитети[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.974 жители и 550 домаќинства што го прави едно од најголемите села во Полошката Котлина.[3]

Теарце претставува типично мултиетничко село во кое живеат Македонци, Албанци, Турци, Роми. На табелата е прикажан националниот состав на селото низ сите пописни години: [4]

Демографски преглед на Теарце низ годините
Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 2.351
1953 1.258 802 441 35 7 3 2.546
1961 1.353 805 652 ... 6 21 2.883
1971 1.339 1.479 583 81 2 1 3.509
1981 1.270 2.081 523 107 6 17 4.004
1994 1.100 2.123 461 62 18 2 3.766
2002 1.085 2.310 512 54 4 9 3.974

Родови:[уреди | уреди извор]

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Гопере. Доселени се од северна Албанија, во втората половина на XVIII век.[5]

Родови[уреди | уреди извор]

Теарце е мешано село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

Македонци:

  • Лешниковци (9 к.) староседелци. Имаат иселеници во Бугарија (две семејства).
  • Војновци (9 к.) староседелци. Имаат иселеници во Бугарија (три семејства).
  • Зургуловци (16 к.) староседелци. Во овој род некој земал за жена Влаинка. Имаат иселеници во Софија (две семејства) и во Берлин (едно семејство).
  • Продановци (8 к.) староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Бугарија (две семејства).
  • Плачковци (12 к.) староседелци. Порано биле еден род со Зургуловци.
  • Буланџини (5 к.) староседелци. Имаат иселеници во Софија (едно семејство).
  • Салковци (2 к.) староседелци. Имаат иселеници во Бугарија (три семејства).
  • Желкаровци (5 к.) староседелци. Порано биле еден род со Продановци.
  • Соманги (4 к.) староседелци.
  • Топанчаровци (3 к.) староседелци.
  • Обловци (6 к.) староседелци.
  • Купузовци (2 к.) староседелци. Во селото има уште едни Купузовци, со кои овие порано биле еден род.
  • Дојчиновци (2 к.) староседелци. Од овој род потекнувал познатиот Кирил Пејчиновиќ.
  • Купузовци (15 к.) староседелци. Порано биле еден род со претходните Купузовци.
  • Столевци или Стамболџиевци (16 к.) староседелци.
  • Митревци или Кошаревци (4 к.) староседелци.
  • Тодоровци (9 к.) староседелци. Они се гранка од родот Зургуловци.
  • Богдановци (1 к.) староседелци. Од нив има неколку изумрени фамилии.
  • Тошановци (1 к.) староседелци. И од нив има неколку изумрени фамилии.
  • Несторовци (1 к.) доселени се од селото Вратница.
  • Сибиновци (1 к.) доселени се од селото Слатино.
  • Никушовци (5 к.), Србиновци (3 к.), Поповци (7 к.), Тивиљовци (1 к.), Стојановци (1 к.), Љумановци (3 к.), Велковци (6 к.), Малоќевци (1 к.), Ќосевци (1 к.), Терзинци (1 к.) и Богојновци (1 к.) сите се доселени од селото Јелошник во разни периоди. Некои се таму староседелци, а други доселеници. Па така родот Љумановци подалечно потекло има од Љума во северна Албанија.
  • Велковци или Бродани (5 к.) доселени се од селото Брод во Гора, кај Призрен. Ја знаат следната генеологија Тоде (жив на 45 год. во 1947 година) Ано-Јошо-Трпко-Велко, кој се доселил во селото.
  • Вучевци (12 к.) доселени се од некое место во околината на Вучитрн во Косово.
  • Чајлановци (3 к.) и Никуш (1 к.) доселени се, но не знаат од каде. Во вториот род има изумрени фамилии.
  • Марковци (1 к.), Матовци (1 к.) и Николовци (1 к.) доселени се од некое место во околината на Призрен во Косово. Последниот род е доселен во 1916 година.
  • Маркуќевци (1 к.) доселени се од селото Брезно. Таму биле староседелци.
  • Момир (1 к.) и Живко (1 к.) доселени се од Тетово. Момир подалечно потекло има од Горно Јеловце.

Албанци:

  • Фаризовци (8 к.), Џамбазовци (4 к.), Драљевци (5 к.), Метовци (9 к.), Првешовци (13 к.), Гоперовци (16 к.), Сакаларци (2 к.), Кука (2 к.), Нурчевци (5 к.), Ѓоковци (2 к.), Мунчевци (5 к.), Хидрот (2 к.), Курто (1 к.) и Лезо (1 к.) на сите потеклото им е од северна Албанија. Највеќе се доселени од Љума и Матија. Некои дошле директно во ова село, а некои прво се населиле по некои околни села. Па така родот Драљевци е доселен преку селото Церово.

Турци:

  • Мула Идриз (11 к.), Бановци (2 к.), Џакмановци (31 к.), Аџоларци (13 к.) и Чифлижанци (13 к.) родовите Џакмановци и Аџоларци се најстари турски родови во селото. Доселени се околу 1689 година, а живееле и неколку години во селото Нераште. Како место од каде се доселени се наведува местото Чакман во Анадолија. Родот Чифлижанци е доселен од местото Токман во Мала Азија. Родот Бановци е доселен околу 1878 година.

Черкези:

  • Черкезовци (2 к.) доселени се преку Србија од Кавказ. Старите жители на овој род зборувале на турски и черкески. Додека помладите почнале да го зборуваат и албанскиот јазик.

Горанци:

  • Алија (1 к.) се доселил како печалбар од селото Јеловјане. Подалечно потекло од Гора.

Роми:

  • Во селото постоеле и две ромски родови. Се занимаваат со ковачки занает.[6]

Економија[уреди | уреди извор]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви
  • „Св. Богородица“. Над селото се наоѓа местото Ќелија - Градиште. Според сочуваните ѕидини и преданието тука се наоѓала старата црква Св. Богородица која сега е во урнатини . По ова предание археологот Блага Алексова во 1954 година извршила археолошко истражување и открила дека црквата е еднокорабна. Од пронајдената мермерна плоча во 1975 година се дознало дека црквата е изградена во периодот помеѓу 1618-1622 година. Жителите на село Теарце во 1975 година врз дел од темелите на старата црква, изградиле мала црквичка и до денешен ден во чест на празникот Голема Богородица на 27 и 28 август приредуваат вечера за присутните гости кои што доаѓаат од околните села на Полог и иселените теарчани од САД, Австралија и Европа.
  • „Св. Никола“. Според манастирскиот поменик на Лешочкиот манастир, пишуван 1841/45 година, пишува дека јеромонахот Кирил Пејчиновиќ е роден во село Теарце, а куќата му била близу до црквата Св. Никола. Бидејќи денешната црква Св. Никола во Теарце е градена 1866 година, се смета дека таа е изградена на местото од постарата црква кои теарчани како мала и неугледна ја разурнале пред 1866 година. Живописана била од страна на Јосиф Радев Мажоски[7] од Лазарополе.
  • „Св. Марена“ Веднаш под селото, во рамничарскиот дел имало тумба создадена од урнатини од црква. Меѓутоа кај теарчаните било сочувано преданието дека разурнатата црква била посветена на Света Марена. по ова предание во 1954 година Блага Алексова извршила раскопување и на местото (арх. лок. „Марена“) се најдени остатоци од мермерниот иконостас и мали фрагменти на фрескоживопис. Црквата била долга 10,2 м. и широка 5,90 м. околу неа имало гробови. Според мермерниот иконостас се смета дека потекнува од пред турскиот период. Во 1980 година жителите на село Теарце на дел од старите темели подигнале мала капела и на патрониот ден на 30 јули го празнуваат ова светилиште.
Црквата „Св. Димитрија Солунски“
  • „Св.вмч. Димитрија Солунски “. Во 2000 година православните верници од село Теарце покренале иницијатива за изградба на меморијален комплекс посветен на македонскиот преродбеник јеромонахот Кирил Пејчиновиќ роден во ова село, на старото вакалско место Збирало. Изградбата на црквата започнала на 29 август 2000 година веднаш по празникот Голема Богородица. Со помош на иселените теарчани од градот Детроит - САД црквата била изградена во рекордно време. За време на војната во 2001 година била изгорена влезната врата[8], па поради тоа беа прекинати тамошните работи на внатрешното уредување за да продолжи во 2005 и да се изработи фрескоживописот.
  • „Св. Ѓорѓи“. Во селото сочувано е преданието дека на местото Крс што се наоѓа северно од селото, имало црква посветена на Свети Ѓорѓи и околу неа се наоѓале гробови. Во минатото жените на 8 декември го посетувале разурнатото светилиште и делеле раздавачка за душа на починатите и палеле свеќи на еден камен. Во последниве децении, помладите генерации не го посетуваат ова светилиште.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Trifunovski, Jovan F. (1976) (на francaise). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (1 издание). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art. 
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 год., 10 стр.
  6. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 
  7. „Јосиф Радев Мажоски (18??-1919)“ (македонски). конс. 2010-04-27. 
  8. „Опожарена вратата од црквата во Теарце“ (македонски). А1. 11 август 2002. конс. 2010-04-27. 
  9. Чочевски, Александар (21 декември 2009). „Махи Несими - годишен добитник на наградата “Мито Хаџи Василев - Јасмин““ (македонски). Макфакс. конс. 2009-12-22. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]