Црква „Св. Марена“ - Теарце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Света Марена
Македонска православна црква
Епархија Полошко-кумановска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Теаречка
Местоположба
Населено место Теарце
Општина Теарце
Држава Македонија
Општи податоци
Изградба 1980
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Света Марена или Огнена Марија е црква во тетовското село Теарце. Патрониот празник на црквата се прославува секоја година на 30 јули[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Веднаш под селото, во рамничарскиот дел имало тумба создадена од урнатини од црква. Меѓутоа кај теарчаните било сочувано преданието дека разурнатата црква била посветена на Света Марена. По ова предание во 1954 година Блага Алексова извршила раскопување и на местото се најдени остатоци од мермерниот иконостас и мали фрагменти на фрескоживопис. Црквата била долга 10,2 м. и широка 5,90 м. околу неа имало гробови. Според мермерниот иконостас се смета дека потекнува од пред турскиот период. Во 1980 година жителите на село Теарце на дел од старите темели подигнале мала капела и на патрониот ден на 30 јули го празнуваат ова светилиште.

Настани од 2001[уреди | уреди извор]

За време на воениот конфликт во Тетовско, албанските качачки банди не ја поштедиле ниту оваа црква. Истите тие стрелале со огнено оружје во влезната врата крај Светиот Крст и во внатрешноста направиле пустош. Во периодот 15 јануаридо 6 февруари 2002 година, непознати лица ја оштетиле црквата кои влегувале преку прозорците, оштетиле три икони, ги искршиле стаклата и ќерамидите, го опожариле теписонот, а свеќниците биле исфрлени надвор од црквата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Симуноска, Лилјана (30.07.2009). „Православието денес го чествува денот посветен на светата великомаченица Марина“ (македонски). Кисс Тв. конс. 2010-09-09. 
  2. Оштетени црквите во Слатино и во Теарце“, Дневник, 2002 (посет. 9 септември 2010 г). (на македонски)