Церово (Тетовско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Церово
Церово is located in Македонија
Церово
Местоположба на Церово во Македонија
Координати 41°59′32″N 21°8′9″E / 41.99222° СГШ; 21.13583° ИГД / 41.99222; 21.13583Координати: 41°59′32″N 21°8′9″E / 41.99222° СГШ; 21.13583° ИГД / 41.99222; 21.13583
Општина Coat of arms of Želino Municipality.svg Желино
Население 511 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 779 м. м
Церово на општинската карта
Церово во Општина Желино.svg

Атарот на Церово во рамките на општината

Церово е село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 511 жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Церово се наоѓа во областа Долни Полог. Селото лежи на западните падини на Сува Гора. Нема села во близина, а најблиско е Групчин.

Историja[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало население од 140 муслимани (Албанци).[1] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 43 куќи со 213 жители Албанци.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 511 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 1
Турци 0
Роми 0
Албанци 510
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Родови[уреди | уреди извор]

Церово е албанско село.

Според истражувањата од 1940тите родови во селото се:

  • Браимлар (11 к.) доселени се од некое село во дебарско. Нивното потекло е торбешко. Ја знаат следната генеологија Шериф (жив на 60 год. во 1940тите) Шериф-Мустафа-Велија-Браим, кој се доселил во селото.
  • Меметалар (9 к.) доселени се од некое село во областа Голо Брдо. И нивното потекло е торбешко. Овде се дојдени во почетокот од 19ти век.
  • Алкалар (5 к.) доселени се од некое село во дебарско. Потеклото им е торбешко.
  • Голобрѓан (3 к.) доселени се од некое село во областа Голо Брдо. Потеклото им е торбешко. Од старото место најпрво се населиле во гостиварското село Чегране, па од таму во Церово. Овој род тешко се множи.
  • Џаферлар (5 к.) доселени се на почетокот од 19ти век од некое место во Албанија.
  • Асанлар (9 к.) доселени се, но не знаат точно да кажат од каде.
  • Асе или Имералар (7 к.) доселени се од местото Хас во северна Албанија
  • Чорокане (2 к.) доселени се однекаде од Албанија. Имаат роднини во гостиварското село Чегране.[4]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае за родовите. Жуљеи иселени се во тетовското село Сиричино. Казовци иселени се во тетовското село Прељубиште. Јесероски исто така во Прељубиште. Големо Милошевци иселени се во тетовското село Туденце.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  2. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. 4,0 4,1 Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]