Прејди на содржината

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Теарце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи
македонска православна црква
ЕпархијаТетовско-гостиварска
Архијерејско намесништвоТетовско
ПарохијаТеаречка
Местоположба
МестоТеарце
ОпштинаТеарце
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Ѓорѓи
Архитектонски опис

Свети Ѓорѓи била поранешна црква во тетовското село Теарце. Денес постојат само остатоци од светиот храм.

Во Теарце сочувано е преданието дека на местото Крс што се наоѓа северно од селото, имало црква посветена на Свети Ѓорѓи и околу неа се наоѓале гробови. Во минатото жените на 8 декември го посетувале разурнатото светилиште и делеле раздавачка за душа на починатите и палеле свеќи на еден камен. Во последниве децении, помладите генерации не го посетуваат ова светилиште.[1]

  1. „Цркви-Тарце“. tearce.com. Посетено на 2010-09-09.[мртва врска]