Луковица (Тетовско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луковица
Луковица.jpg

Поглед на селото Луковица

Луковица is located in Македонија
Луковица
Местоположба на Луковица во Македонија
Координати 41°53′20″N 21°9′20″E / 41.88889° СГШ; 21.15556° ИГД / 41.88889; 21.15556Координати: 41°53′20″N 21°9′20″E / 41.88889° СГШ; 21.15556° ИГД / 41.88889; 21.15556
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки
Општина Coat of arms of Želino Municipality.svg Желино
Население 47[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1218
Повик. бр. 044
Надм. вис. 930 м
Слава Илинден
Луковица на општинската карта
Луковица во Општина Желино.svg

Атарот на Луковица во рамките на општината
Commons-logo.svg Луковица на Ризницата


Луковица (месно: Лукојца) — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Врвот Брикул во близина на селото

Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на Општина Желино, сместено на североисточната падина на планината Сува Гора.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 930 метри. Од градот Тетово е оддалечено 28 километри.[2]

Географски селото, како и околните, се наоѓа во областа Порече, но историски влегува во областа Долен Полог.

Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 40,9 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.504 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 135 хектари, а на пасиштата 22 хектари.[2]

До селото се стигнува преку асфалтниот пат кој се исклучува од стариот пат Скопје-Тетово, а подоцна продолжува во насока на селото Седларево. Од месноста Крстец се исклучува патот за селото Луковица и продолжува како земјен пат во должина од шест километри. Патот е во лоша состојба, особено за време на зимата и во дождливи денови.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Луковица било село во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Животот на жителите на Луковица во турско време бил многу тежок и неподнослив, бидејќи селото често било на удар на поедини муслимански пљачкаши од околните села.[4] Тогаш многу луковички девојки биле грабнувани од нив и преобратувани во ислам, а многу луковичани биле убивани на пасиштата, во шумата или на нивите.[4] Воопшто, животот во Луковица до 1912 бил толку тежок што Македонците во селото едвај успеале да се одржат и опстојат.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на околните падини во насока на реката Треска

Селото има полјоделска функција.[2]

Во минатото, сточарството поради поволните природни услови, било многу развиено, а делумно и многу послабо населението се занимавало со земјоделство. Денес, поради иселувањето на жителите, малкуте преостанати жители, одвај и да ги обработуваат обработливите површини околу селото и одгледуваат малку добиток. Околу селото има ниви секаде каде што можела да се искрчи шума, така што некои се и по доста стрмни падини и страни. На нивите успеваат планински (стрни) жита, крмни растенија и билки, а во помала мерка и пченка.[4] Во минатото, иако со земјоделство се занимавале сите жители, малку семејства произведувале толку жито за да не мораат да докупуваат.[4] Затоа што е сместено на висина, во Луковица се чувало и доста добиток кој лете пасел на пасиштата околу селото сè до август, а потоа слободно се спуштал по сите ниви откако ќе се ожнеале посевите, додека зиме селаните имале трла на ниското земјиште крај Треска во кои се бавел по еден член од домаќинството кој ја хранел стоката и ја носел на пасење кога немало снег.[4] Во 1947 година селото Луковица имало: 933 кози, 650 овци, 129 говеда, 24 коњи, 12 магариња и 44 свињи. Во дворовите на куќите имало пчеларници со по 15 и повеќе кошници.[4] Селаните носеле дрва на осамарени коњи или ги влечеле на ланци, а до 1946 година сите селани правеле ќумур кој го продавале во Тетово[1]. Површината под шума во тоа време зафаќала 324 хектари.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 105 христијани (Македонци) и 106 муслимани (Албанци).[5] Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 80 жители христијани (Македонци).[6]

Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Седларево и имало 31 куќа со 210 жители Македонци.[7]

Луковица брои 47 жители, сите Македонци.[1] Поради големите миграции и премногу нискиот наталитет на селото му се заканува целосно раселување. Во последните години се забележани обиди на Албанци да се населат во селото, но безуспешно.

Денес, во селото постојано престојуваат само шест домаќинства.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 211 80 335 374 369 238 90 34 37 47
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Жителите на Луковица според носијата и другите етнички особини и етнографски одлики се разликуваат од жителите во Порече и Полог.[4] Нивната носија претставувала последен остаток од некогашната македонска носија која била раширена во областа Скопски Дервен.[4]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Луковица е населено исклучиво со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед, чии предци се доселеници[4]. Родови во Луковица се: Антовци (слават Свети Никола) потекнуваат од предокот Златан кој најпрвин живеел во соседното сега раселено село Крушица, па по иселувањето од таму најпрвин направил куќа на местото наречено Горна Рајца (во атарот на Луковица), потоа се преселил на местото каде што сега се наоѓа селската црква, а од таму според кажувањата во втората половина на 18 век се населил во сегашното маало. Златан бил првиот жител кој ја обновил Луковица по нејзиното уништување и раселување од турците во средниот век.[4] Матовци или Маќовци (слават Св. Никола) по потекло се од областа Мат во Албанија според која го добиле и родовското презиме. Се делат на родовските гранки: Грандовци, Тивери, Љунгаровци и Шипитаровци. Во Луковица дошле пред нешто повеќе од 200 години, а се знае следниот родослов Мито (на 50 години во 1947)-Миајле-Јанкула-Филип-Неделко, чиј татко се доселил според кажувањата. Кога дошле во Луковица претците на Маќовци го затекнале само родот Антовци и како што велат земјата околу селото тогаш била „пустелилок“.[4] Карлевци (слават Петковден) по потекло се од Дреново „кај Прилеп“ (можеби Дреновци?!), а тука дошле после родот Маќовци.[4] Кросовци (слават Петковден) по потекло се „од Гостиварско“, а дошле во исто време со родот Карлевци. Од овој род некој предок кон крајот на првата половина на XIX век бил момок во селото Мерово каде се оженил со Албанка и преминал на ислам при што го основал родот Чистиловци од кои потекнува родот Зеќиралар во соседното село Седларево.[4]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Зградата на месната заедница во селото, во која порано се наоѓало основното училиште
  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Желино, една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од некогашната Општина Желино.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Сараќино во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Групчин, во која покрај селото Луковица, се наоѓале и селата Групчин, Гургурница, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село, Рогле, Седларево, Церово и Чифлик. Во периодот 1950-1952 година селото влегувале во рамките на тогашната Општина Седларево, во која влегувале селата Гургурница, Луковица и Седларево.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 2105 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште „Хасан Тахсини“ во селото Луковица.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 31 гласач.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
Манастири
Археолошки локалитети[13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Илинден (2 август) — голем црковно-народен собир и главна селска слава

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Жителите на Луковица главно се имаат иселено во градовите Тетово и Скопје.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 31 март 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 183. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 4 февруари 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 „Од 15 села во Желино, само патот до Луковица не е асфалтиран“. Телевизија Телма (македонски). Скопје: Телевизија Телма. 28 август 2015. конс. 31 март 2016.  Text " telma.mk" ignored (помош);
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 Трифуноски, Јован (1976) (на српски). Села на Сухој Гори. Белград: САНУ. стр. 1-4. 
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122-123.
  7. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  11. „Описи на ИМ“. конс. 4 февруари 2018. 
  12. „Локални избори 2017“. конс. 4 февруари 2018. 
  13. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]