Ново Село (Желино)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ново Село
Ново Село is located in Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Ново Село на интерактивна карта

Координати 41°57′50″N 21°9′32″E / 41.96389° СГШ; 21.15889° ИГД / 41.96389; 21.15889Координати: 41°57′50″N 21°9′32″E / 41.96389° СГШ; 21.15889° ИГД / 41.96389; 21.15889
Општина Coat of arms of Želino Municipality.svg Желино
Население 602 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28049
Надм. вис. 693 м. м
Ново Село на општинската карта
Ново Село во Општина Желино.svg

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Commons-logo.svg Ново Село на Ризницата

Ново Село — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 667 жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора.

Историја[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 165 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 45 куќи со 256 жители Албанци.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948313—    
1953320+2.2%
1961351+9.7%
1971434+23.6%
1981552+27.2%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994666—    
2002667+0.2%
2021602−9.7%

Според пописот од 2002 година селото има 667 жители, од кои 663 Албанци, 1 Бошњак и 3 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 602 жители, од кои 542 Македонци и 60 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 165 313 320 351 434 552 0 666 667 602
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Ново Село е албанско село.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Колајн (5 к.) најстар род во селото. Доселени се од местото Фанде во северна Албанија. Овде живеат од втората половина на XVIII век. Имаат роднини во селото Камењане (Ајвазе). А исто така и во селата Порој и Боговиње; Хос (28 к.) доселени се од местото Хаса кај Скадар во северна Албанија. Порано биле католици; Вјш (1 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Од таму во XVIII век се иселиле во Чајлане, тука направиле некое убиство па потоа се преселиле во Ново Село. Имаат истоимени роднини во Чајлане; Љач (9 к.) најмлад род во селото. Потекнуваат од фисот Бериша. Овде дошле од местото Љача во Малесија, Северна Албанија. Предците во старото место им биле католици. Имаат роднини во Стар Пустеник, а некои прешле и во Сечиште кај Качаник.[10]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2098 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 720 гласачи.[12]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  3. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  4. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2011-12-27.
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1949). Скопски Дервен. САНУ.
  11. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]