Брикул (Луковица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брикул
археолошко наоѓалиште
Брикул is located in Македонија
Брикул
Местоположба на Брикул во Македонија
Местоположба 41°53′20″N 21°9′20″E / 41.88889° N; 21.15556° E / 41.88889; 21.15556Координати: 41°53′20″N 21°9′20″E / 41.88889° N; 21.15556° E / 41.88889; 21.15556
Основни податоци
Име Брикул
Место Луковица (Тетовско)
Општина Желино
Тип

Археомак 2.0 графички знак (кастел).svg кастел

Период доцноантичко време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Брикулархеолошко наоѓалиште во тетовското село Луковица. Претставува доцноантички кастел спекула. Се наоѓа над речното корито на Треска, односно езерото Козјак. Во наоѓалиштето се видливи 3 утврдени сегменти. Мала триаголна акрополка на врвот, близок предѕид што затворал долга станбена тераса и големо западно подградие. Од врвот се гледаат фантастични визури. На север североисток има директна визуелна врска со Кале, Барово. На југ југоисток врска со Градец, Здуње. На запад југозапад е блискиот рановизантиски кастел Кале Јасики под Кодра Наљт, Седларево. Наодите во Брикул се главно со воен карактер. Железни фибули за прицврстување војнички шинели. Железни врвови од стрели.

Зборот Брикул има античко потекло. Во основата е Брик со деминутивот ул (дете, детуле).[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Елизабета Димитрова, Виктпр Лилчиќ, Кате Антеска, Александар Василевски -Матка културно наследство, Скопје 2011.
  2. Виктор Лилчиќ, Матка низ вековите, Скопје 1995
  3. Коцо, Димче(1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069