Дреновци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дреновци
Дреновци is located in Македонија
Дреновци
Местоположба на Дреновци во Македонија
Координати 41°28′5″N 21°32′40″E / 41.46806° N; 21.54444° E / 41.46806; 21.54444Координати: 41°28′5″N 21°32′40″E / 41.46806° N; 21.54444° E / 41.46806; 21.54444
Општина Долнени
Население 231 жит.
(поп. 2002)
Дреновци на општинската карта
Дреновци во Општина Долнени.svg

Атарот на Дреновци во рамките на општината
Манастирот „Св. Атанасиј“ во Дреновци

Дреновци — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Дреновци е потпланинско село во североисточниот дел на Прилепско Поле, оддалечено 19,5 километри северно од Прилеп. Лежи во подножјето на планината Мукос. Околни населби се: Небрегово, Дупјачани и Десово.

Историja[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Дреновци живееле 760 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дреновци имало 600 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дреновци живеат 231 жител, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 760[1] 600[2] 833 790 761 616 376 261 238 231

Родови[уреди | уреди извор]

Дреновци е македонско православно село, родовите во селото се доселени од некои разни места.

Родови во Дреновци се: Чафкаровци (14 куќи), Пискуљевци (11 куќи), Шаторовци (8 куќи), Петковци (13 куќи) и Карчовци (6 куќи) доселени се од некое раселено село на планината Мукос. Во Чафкаровци ја знаат следната генеологија Милан (жив на 80 г. во 1951 година) Никола-Мишко-Атанас-Петре-Марко кој се доселил, тоа било во ХVIII век; Дамјановци (8 куќи), Бакаловци (8 куќи), Јанкуловци (7 куќи) и Базерковци (5 куќи) доселени се однекаде; Грнчаровци (13 куќи) доселени се од местото Грнчаров Дол во атарот на селото Дреновци; Шаламановци (4 куќи) доселени се од некое село во дебарско; Филиповци (4 куќи) потекнуваат од домазет, кој дошол од некое место во околината на Берат во Албанија; Вецевци (8 куќи) доселени се од селото Крапа, Порече; Тилко (1 куќа) доселени се од селото Ропотово.[5]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1460 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 166 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[8]
Дреновчански манастир Св. Атанасиј
Археолошки наоѓалишта[9]
  • Градиште — населба од римско време;
  • Врба — неопределено наоѓалиште од непознат период;[5]
  • Горни Грамаѓе — неопределено наоѓалиште од непознат период;[5]
  • Долни Грамаѓе — неопределено наоѓалиште од непознат период;[5]
  • Мрамор — населба од доцноантичко време;
  • Перуника — неопределено наоѓалиште од непознат период;[5]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Прчковци иселени се во Горно Село. Ментевци иселени се во Забрчани. Тошевци иселени се во Десово. Бучковци иселени се во Дупјачани. Карловци иселени се во селото Луковица во скопско/тетовско, од нив пет семејства по 1946 година се иселиле во тетовското село Брвеница. Други иселеници има во Прилеп и Скопје. Како и во местото Таково во Шумадија.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.247
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 148 - 149.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
  6. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  7. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]