Локвени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Локвени
Локвени is located in Македонија
Локвени
Местоположба на Локвени во Македонија
Координати 41°23′55″N 21°18′26″E / 41.39861° СГШ; 21.30722° ИГД / 41.39861; 21.30722Координати: 41°23′55″N 21°18′26″E / 41.39861° СГШ; 21.30722° ИГД / 41.39861; 21.30722
Општина Општина Долнени
Население 178 жит.
(поп. 2002)
Локвени на општинската карта
Локвени во Општина Долнени.svg

Атарот на Локвени во рамките на општината

Локвени е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Селото Локвени е основано во првата половина на XIX век.[1] Го основале родот Бурневци од соседното село Средорек.[1] После нив се доселиле и други македонски родови. Кон крајот на турското ропство селото било чифчиско. Последни сопственици на чифлизи биле Селим бег од Прилеп и Јоан Бошњакот, влав од Крушево.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 год. во Локвени живееле 178 жители, од кои 28 Македонци, 2 Роми, 143 Бошњаци и 1 останат.

Родови[уреди | уреди извор]

Локвени е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Родови во Локвени се: Бојовци (3 к.), доселени се средината на XIX век од соседното сега албанско село Долно Житоше, ја знаат следната генеологија Боге (жив на 76 год. во 1951 година) Павле-Бошко кој се доселил, неговиот татко Јовче погребан е во Житоше, кога се иселиле Бојовци од Житоше таму имало околу 70 православни куќи; Ешпетковци (8 к.), доселени се од сега торбешкото село Лажани; Ичкобиловци (3 к.), доселени се од планинското село Бирино во 1911 година, каде биле староседелци; Илиовци (1 к.), доселени се од селото Вранче, таму биле староседелци; Думановци (1 к.), доселени се од селото Турско, и таму биле однекаде доселени; Мартиновци (2 к.), доселени се од Сарандиново, во Сарандиново биле доселени од некое село во Порече; Цуцуловци (1 к.), доселени се од селото Бело Поле, таму имаат роднини, доселени однекаде; Штерјовци (1 к.), доселени се од Крушево; Вељановци (1 к.), доселени се од селото Селце кај Крушево, таму припаѓале на родот Рајковци, кој е доселен од некое место на запад.[1]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви[2]
Археолошки локалитети
  • Кале - кастел и рефугиум од доцноантичкото време;[3]
  • ’Рвеница - неопределено од непознат период;[4]
  • Миов Даб - неопределено од непознат период;[4]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 299-300. 
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  3. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286. 
  4. 4,0 4,1 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоњо, Београд 1998

Надворешни врски[уреди | уреди извор]