Небрегово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Небрегово
Поглед на Небрегово 2.jpg

Поглед на Небрегово

Небрегово во рамките на Македонија
Небрегово
Местоположба на Небрегово во Македонија
Небрегово на интерактивна карта

Карта

Координати 41°26′58″N 21°33′30″E / 41.44944° СГШ; 21.55833° ИГД / 41.44944; 21.55833Координати: 41°26′58″N 21°33′30″E / 41.44944° СГШ; 21.55833° ИГД / 41.44944; 21.55833
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Dolneni Municipality.svg Долнени
Област Прилепско Поле
Население 118 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7504
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20071
Надм. вис. 700 м
Небрегово на општинската карта
Небрегово во Општина Долнени.svg

Атарот на Небрегово во рамките на општината
Commons-logo.svg Небрегово на Ризницата


Небрегово — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Небрегово се наоѓа во Прилепско Поле, на јужното подножје на планината Бабуна, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 700 м. Неговиот атар зафаќа површина од 16,8 км и се граничи со атарите на селата: Присад на исток, Дабница на југ, Горно Село и Дупјачани на запад, и Дреновци и Оморани на север. Од Прилеп е оддалечено 20 км.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Селото се споменува во написот насловен „Заград и заградчани — На гробот од Глигор Соколовиќ“, објавен во српскиот весник Политика на 21 ноември 1934 година.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 618 ха, пасиштата се на површина од 481 ха, а на шуми отпаѓаат 380 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948358—    
1953343−4.2%
1961303−11.7%
1971282−6.9%
1981217−23.0%
ГодинаНас.±%
1991164−24.4%
1994155−5.5%
2002156+0.6%
2021118−24.4%

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Небрегово е село со 40 домаќинства и 166 жители Македонци.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Небрегово живееле 522 жители Македонци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото имало 280 Македонци.[7]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 156 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 105 Македонци и 13 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 522 280 358 343 303 282 217 164 155 156 118
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Небрегово е македонско село.

Родови во селото се: Црвенковци (12 к.), Дудевци (5 к.) и Шербановци (3 к.) изгледа тоа се стари доселеници, кои не знаат од каде се доселени; Рујановци (11 к.) доселени се од местото Рујан на планината Мукос, денес тоа место припаѓа во атарот на селото Оморани, доселени се кон крајот на XVIII век; Љамевци (8 к.) и Димчевци (4 к.) порано биле еден род, Љамевци се делат на Соколовци и Коневци, доселени се од Дебарско. Од нив потекнуваат Блаже Конески и Глигор Соколов; Димковци (6 к.) доселени се од селото Десово, можеби таму биле староседелци; Пишкар (1 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од Маргари или Стровија; Мраморци (1 к.) доселени се во турско време од селото Мало Мраморани; Голомадевци (1 к.) доселени се во 1920 година од Варош (денес маало во Прилеп).[14]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото работи подрачното основно училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до петто одделение.[15] Освен тоа, во селотом има и услужни објекти.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1462 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 89 гласачи.[17]

Културни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошкото наоѓалиште Манастириште
Археолошки наоѓалишта[18]
Манастири[19]
Споменици
  • Спомен-дом на Блаже Конески.
Цркви[19]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Небрегово

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 205.
  3. Небрегово“. OldPrilep. 15 мај 2012.
  4. Заград и заградчани — На гробот од Глигор Соколовиќ“. OldPrilep. 16 март 2016.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.
  6. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 246.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 150-151.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јули 2020.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
  15. Образование“. Општина Долнени.
  16. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 8 јули 2020.
  17. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  19. 19,0 19,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]