Горно Село

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горно Село
Горно Село is located in Македонија
Горно Село
Местоположба на Горно Село во Македонија
Координати 41°25′12″N 21°32′0″E / 41.42000° СГШ; 21.53333° ИГД / 41.42000; 21.53333Координати: 41°25′12″N 21°32′0″E / 41.42000° СГШ; 21.53333° ИГД / 41.42000; 21.53333
Општина Општина Долнени
Население 39 жит.
(поп. 2002)
Горно Село на општинската карта
Горно Село во Општина Долнени.svg

Атарот на Горно Село во рамките на општината

Горно Село е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Горно Село се наоѓа на јужното подножје на планината Бабуна.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 39 жители, сите Македонци.[1]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[2]

Година 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 309 243 243 159 113 59 56 39

Родови[уреди | уреди извор]

Горно Село е чисто македонско православно село, во селото има и староседелски и доселенички родови. Родови во Горно Село се: Белчевци (7 куќи) староседелци; Кркачовци (8 куќи) доселени се во првата половина на XIX век од селото Мажучиште, ја знаат следната генеологија Дано (жив на 48 год. во 1951 година) Ордан-Бошко-Јован Кркач, кој се доселил во селото; Кавеџиовци (6 куќи) доселени се од некое село во охридско, најпрво се населиле во Кутлешево, па прешле во денешното село, ја знаат следната генеологија Тоде (жив на 26 год. во 1951 година) Ѓорге-Атанас-Толе-Ѓоргија-Стојко, кој овде се доселил од Кутлешево; Зајаковци (6 куќи) и за нив се мисли дека се доселени од некое село во охридско; Србиновци (2 куќи) доселени се однекаде во XIX век; Гличевци (2 куќи) и они се доселени однекаде, постои истоимен род во Мало Мраморани; Пецевци (1 куќа) доселени се од Дупјачани, а имаат и роднини во Долнени; Прчковци (1 куќа) доселени се од селото Дреновци; Тошовци (4 куќи) доселени се во XIX век од Кутлешево, подалечното потекло не им се знае; Митковци (4 куќи) доселени се од селото Дупјачани, и нивното подалечно потекло е непознато; Ориѓани (3 куќи) доселени се од селото Годивје, Дебарца.[3]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[4]
Археолошки локалитети[5]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Матраковци се иселиле во Прилеп, биле однекаде доселени. Од овој род потекнувал некој познат свештеник. Гличевци се иселиле во Дупјачани. Од родот Кукачовци има (28 семејства) иселени во Прилеп. После Втората светска војна, уште десет семејства се иселиле во Прилеп. Чалишовци биле староседелци во селото, некои изумреле, а други се иселиле во Прилеп.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  2. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  3. 3,0 3,1 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  4. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоњо, Београд 1998

Надворешни врски[уреди | уреди извор]