Прејди на содржината

Големо Мраморани

Координати: 41°24′15″N 21°29′33″E / 41.40417° СГШ; 21.49250° ИГД / 41.40417; 21.49250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Големо Мраморани
Големо Мраморани во рамките на Македонија
Големо Мраморани
Местоположба на Големо Мраморани во Македонија
Големо Мраморани на карта

Карта

Координати 41°24′15″N 21°29′33″E / 41.40417° СГШ; 21.49250° ИГД / 41.40417; 21.49250
Општина Долнени
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 686 м
Големо Мраморани на општинската карта

Атарот на Големо Мраморани во рамките на општината

Големо Мраморани — историско село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на околу 10 км северозападно од Прилеп и околу 3 км северно од селото Мажучиште, во подножјето на планината Негре. Пред распадот на Отоманското Царство тоа било напуштено, жителите иселени, главно во селото Бело Поле, но и во селото Сенокос и на други места.

Население во минатото

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Големо Мраморани било дел од Прилепската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Големо Мраморани имало 10 домаќинства со 42 жители Македонци.[2][3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горно Мраморани имало 74 жители, сите Македонци христијани.[2][4]

На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Големо Мраморани имало 40 Македонци.[2][5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Мраморани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 10 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 10 до 25 Македонци.[7]

Културно-археолошка оставнина

[уреди | уреди извор]

Денес местото на кое било сместено ова село го обележува една голема карпа во облик на менхир (долг или висок каме), во чија близина се наоѓаат и остатоците од селската црква со голем број гробишта. Црквата, според темелите, не била многу голема градба, претставувала еднокорабна црковна градба со средни димензии, но во неа биле вградени како сполии и елементи од постара градба, сосема веројатно, ранохристијанска црква, на која укажува еден мермерен споменик, капител со изработен крст, како и други мермерни и камени блокови, тегули (покривни ѓерамиди) од античкиот период и слични показатели и остатоци од постара градба.

Речиси во самите гробишта, на мало растојание од црквата се среќава и еден голем винарник – објект за гмечење грозје и правење вино, а уште еден таков објект, но со помали димензии, се наоѓа на периферијата на гробиштата, поточно на околу 50 м источно од карпата „менхир“. Овие камени објекти, како објекти биле користени во производството на вино уште од антиката, а можеби и во подлабоката историја.

На просторот на кој биле сместени црквата и гробиштата се среќаваат и други културни траги, како обработени форми по карпите, така и фрагменти од керамички садови, питоси и друг археолошки материјал. Интересно е дека слични наоди се среќаваат на поширокиот простор, а на неколку стотици метри западно околу една огромна карпа со неправилна топчеста форма била сместена и една населба од многу постариот, бронзен период. На околу 700 м северно од ова наоѓалиште, има остатоци од стар манстисрки комплекс, како и мнопгу други археолошки остатоци.

Археолошки наоѓалишта

[уреди | уреди извор]

Селото ги има следниве археолошки наоѓалишта:[8][9]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 245
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 148-149.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  9. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]