Менхир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Двата Керадигу менхира, Бретања, Франција

Менхир (од долнобретонското men = камен и hir = долг) претставува голем, единечен исправен стоечки камен (монолит или мегалит), од предисториско европско потекло.

Зборот менхир бил присвоен, од францускиот, од страна на археолозите од 19 век врз основа на зборовите во бретонскиот јазик кои значат „долг камен“ (споредете со модерен велшки: maen hir = долг камен). Во модерниот бретонски јазик се користи зборот peulvan. Најпознат менхир е Локмаријакерскиот менхир.

Изглед[уреди | уреди извор]

Менхирите се основата на многу праисториски мегалитски споменици во Западна Европа. Можат да бидат распоредени линиски (алинјемони) или кружни (кромлеси). Менхирите се омилена тема за шпекулација во псевдоархеологијата. Тие се толку препознатливи од праисториските култури што дури одвреме-навреме ќе се појавуваат и во некој друг медиум (како на пример филмот Астерикс).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]