Мажучиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мажучиште
Mažučište view.jpg

Панорама на Мажучиште

Мажучиште се наоѓа во Republic of Macedonia
Мажучиште
Местоположба на Мажучиште во Македонија
Координати 41°23′06″ СГШ 21°29′54″ ИГД / 
Регион Прилепско Поле
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 346 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 670 м
Commons-logo.svg Мажучиште на Ризницата

Мажучиште — село во Општина Прилеп, во Прилепското Поле, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Куче кое гледа кон Мажучиште и Прилепско Поле од околниот рид

Селото Мажучиште е рамничарско село. Сместено е во Прилепско Поле, оддалечено 8 километри северно од градот Прилеп. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Варош на југоисток, Големо Коњари на југозапад, Заполжани на запад и Новоселани, Сенокос и Горно Село на север. Покрај селото поминува регионалниот пат R513 Прилеп - Македонски Брод - Кичево.

Историja[уреди | уреди извор]

Мажучиште е старо село, што се гледа по старите родови кои претежно живеат во Горно Маало.[1] За време на ослободувањето од Турците, селото е затекнато како чифчиска населба, при што само 10 домаќинства имале своја земја. Сопственици на чифлиците биле: Аџи Муто, Аџи Мето, Шериф, Мамуд, Дурмиш, Асан, Мамут Дуро од Прилеп и Рамадан Курто од Дебар.[1]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 50 семејства, 3 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[2]

Економија[уреди | уреди извор]

Грозје од сортата Вранец во Мажучиште

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Мажучиште живееле 640 жители Македонци.[3]

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 256 Македонци, егзархисти.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Мажучиште живеат 346 жители, сите Македонци.

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 320[3] 256[4] 554 621 610 474 465 381 362 346

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Параглајдер лета над Мажучиште

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа црквата „Пресвета Богородица“.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Поглед од ридот во близина на Мажучиште

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 399-400. 
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.58
  3. 3,0 3,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244.
  4. 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]