Прејди на содржината

Кален

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кален

Воздушен поглед на селото Кален

Кален во рамките на Македонија
Кален
Местоположба на Кален во Македонија
Кален на карта

Карта

Координати 41°15′24″N 21°38′43″E / 41.25667°N 21.64528°E / 41.25667; 21.64528
Регион Пелагониски
Општина Прилеп
ОбластПрилепско Мариово
Население5 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.7500
Повик. бр.048
Шифра на КО20047
Надм. вис.640 м
СлаваСпасовден
Кален на општинската карта

Атарот на Кален во рамките на општината
Кален на Ризницата

Кален — село во Општина Прилеп, во областа Прилепско Мариово, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото од селските гробишта, сместени околу црквата „Вознесение Христово“

Ова мало село се наоѓа во северозападниот дел на прилепскиот дел од областа Мариово, во средишниот дел на територијата на Општина Прилеп, недалеку од патот Прилеп-Витолиште.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 640 метри. Од градот Прилеп, селото е оддалечено 26 километри.[2]

До селото локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1107 од неговата лева страна.

Селото Кален се наоѓа во пределот наречен Мало Мариово (или Прилепско) на подрачјето на некогашната Општина Витолиште, а денес се наоѓа во јужниот дел на постојната Општина Прилеп. Сместено е на десната страна во долот на Кокречка Река близу нејзиниот состав со Дуњска Река во подножјето на источната падина на Селечка Планина и нејзиниот преслап кон Дрен Планина.

Историја

[уреди | уреди извор]

Најстариот запис во кој се споменува селото Кален потекнува од втората половина на XV век односно од турските пописни дефтери од 1476/77 година кога во селото живееле 6 семејства, потоа во 1481/82 биле попишани 19 домаќинства, за потоа да бележат пораст на 63 домови во 1519 година, а потоа опаѓање на 36 домаќинства во 1528/29 и благо намалување на 34 семејства во 1544/45 година.[3]

Во својот запис објавен во „Цариградски весник“ под наслов „Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание“ на 21 ноември 1859 за селата во Мариово, македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот за селото Кален запишал дека имало 45 куќи и црква Свети Спас.[4]

Во 1904 година за време на празникот Спасовден во селото потпомогната од локални гркомани, упаднала андартска чета, која го запалила селото и масакрирала 16 селани. По масакрот во Кален, андартите се упатиле во Кокре, каде што селаните претходно се подготвиле за нападот и ја разбиле грчката чета.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото

Атарот на селото е релативно голем и зафаќа простор од 22,6 километри квадратни. На него пасиштата заземаат површина од 1.433 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 533 хектари, а на шумите само 52 хектари.[2]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Самото село и околината се лишени од дрвна растителност од која се застапени само тополи во долот на потокот, круши, ореви и нискостеблести грмушести растенија.

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кален имало 360 жители.[5]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото имало 376 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Кален се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 57 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Од Кален се иселил значителен дел од неговото население, па затоа тоа бројно се намалило од 336 жители во 1961 година, на 38 жители во 1994 година, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Кален броело 19 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 376 239 287 336 287 110 45 38 19 5
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Кален е македонско православно село.

Во селото Кален, како и останатите мариовски села, отсекогаш исклучиво живееле Македонци со православна христијанска вероисповед.

Староседелски родови се: Бошнаковци, Ѓорѓиовци и Митревци.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од Кален се има иселено поголемиот дел од жителите.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Кален било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Витолиште.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Дуње, во која покрај селото Кален, се наоѓале и селата Вепрчани, Дуње, Ѓуѓаково, Кокре, Крушевица, Пештани и Чаниште. Општината Дуње постоела и во периодот 1950-1952 година, додека во периодот 1945-1950 селото било седиште на истоимената општина во која влегувале селата Кокре и Пештани.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1521 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Вознесение Христово“ во селото Кален
Археолошки наоѓалишта[17][18]
Цркви[19]
Манастири
Реки[20]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 144. Посетено на 2 јануари 2026.
  3. Стојаноски, Александар (1994). Мориово во XV-XVI век (Осврт на економско-општествените прилики). Фолклорот и етнологијата на Мариово и Меглен. Прилеп: Друштво за организирање на мариовско-мегленски средби и ДНУ Битола. стр. 65–73.
  4. Хаџи-Константинов - Џинот, Јордан (1987). Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание. Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници (Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници. изд.). Скопје (Цариград): Мисла (Цариградски весник).
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 150-151.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 јануари 2026.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 2 јануари 2026.
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 300. ISBN 9989-649-28-6.
  18. Миткоски, Александар; Темелкоски, Душко (2019). „ГЕОРЕКОГНОСЦИРАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНИТЕ ПРИЛЕП, ДОЛНЕНИ, КРИВОГАШТАНИ И КРУШЕВО“ (PDF). Каламус. Посетено на 2 јануари 2026.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Kalen на Ризницата ?