Чумово
Чумово — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Потекло на името[уреди | уреди извор]
Селото Чумово го добило своето име бидејќи го основале луѓе кои преживеале една тешка чума.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
На потегот Табачица кој лежи према соседниот Прилепец, жителите наоѓале стари гробови, земјени лонци (земјени вршници) и ѕидови „со тули и вар“. Овие старини се од некогашна градска населба која лежела во соседниот Прилепец. Се зборува дека Чумово најнапред се нарекувало Мало молци. Лежело 500 метри југозападно од денешното место, на местата сега наречени Лозишта и Корија. Во тоа село „ватила чума и народот се изгубил“.Чумата „отепала 90 невести“. После тоа од друга населба дошле нови родови кои го оснивале Чумово на денешното место. На земјиштето каде што лежело споменатото Мало молци се најдуваат парчиња ќерамиди. Над селото е црквата Св. Никола, изградена 1925 година. И порано тука била стара црква. До црквата е местото чумини гробишта. Таму до 1925 година биле околу 30 гробови со плочите во правец исток-запад, при градењето на црквата тие плочи се искористени за ѕидови. Крај црквата се и гробиштата на денешните селски родови. „Панаѓурот“ е третиот ден на Велигден. Пред крајот на турското владеење овде постоеле три читлузи: два турски и „еден каурски“. Сопствениците на читлузите се викале : Мамут бег, Голосабјовци, Миноски.Сите биле од Прилеп.Христијанинот Мино го куппил читлукот од еден турчин. Селаните земјата ја купиле до 1912 година. Бројот на домаќинства изнесувал: 1921 г. -18, 1948 г. -31, 1961 г.-37, 1971 г.-34, 1991 г.-18, 2001 г.-10.
Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Тоа е потпланинско село југоисточно од Прилеп. Околни населби се: Прилепец, Волково, Штавица и Мало Рувци. Водата за пиење се добива од два извори кои избиваат во самата населба ( еден е изѕидан во чешма).На планината источно од Чумово извира изворот Честак а во полето, на запад, извира изворот Шопур.Тој извор обично е сув три до четири години, потоа има вода една до две години, па повторно пресушува.Чумово е село од збиен тип. се дели на долно и горно маало. Сродните куќи се блиску една до друга.Помалите делови на селото носат родовски имиња: Писокалци, Џинговци итн. Во чумово во 1954 имало само 39 домаќинства. Поедини делови на атарот се нарекуваат : Корија, Честак, Ставројца, Табачица, Биро, Среде друм, Слатина,Шопур, Слива, Ристејца и Чучурка.Од Прилеп е оддалечено 12 километри, и до него се стигнува по регионалниот пат Прилеп-Витолиште, на 10-тиот километар се свртува лево и потоа се патува уште два километри по тампониран пат.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населението во селото се занимава со сточарство и земјоделство. во селото има околку 1200 овци и 100 говеда во приватна сопственост. Во околината на селото се засадуваат по 50 хектари тутун, 50 хектари житни култури, како и 10 хектари лозја. Инфраструктурата е на многу ниско ниво, нема вода, нема асфалтен и пристапен до селото и низ селото, нема доволно вода за животните во долгите и жешки лета.
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чумово живееле 80 жители, сите Македонци.[3] Според податоците на секретарот на егзархијатаДимитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година, селото Чумово брои 17 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 80 | 80 | 260 | 258 | 227 | 171 | 95 | 46 | 33 | 17 | 6 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Чумово е македонско село.
Родови во Чумово се:
- Доселеници: Батковци (6 куќи) најстар род во селото. доселени се од селото Пашино Рувци. Го знаат следното родословие: Јован (жив на 55 г. во 1950-тите) Диме-Илија-Коте, предокот кој се доселил во селото; Џинговци (7 куќи) жителите на овој род велат „ дедо бил момче во Прилеп“ таму нашол девојче викано Виша, и со девојчето пребегнал во Битолско. Кога се правел манастирот во Прилепец (во 1870 година) некој шетал за милостиња, и го нашол нашиот дедо и го населил во Чумово; Апостоловци (6 куќи) доселени се од Старо Лагово; Орленци (4 куќи) доселени се на крајот од XIX век од мариовското село Орле; Крушичани (2 куќи) доселени се брзо после Орленци, од мариовското село Крушевица; Мустревци (3 куќи) доселени се во 1909 година од селото Мало Рувци, таму имаат роднини. подалечно потекло од битолското село Добрушево; Писокалци (8 куќи) доселени се од сега пустото село Писокал кај село Бонче; Дрпачовци (2 куќи) доселени се од селото Лопатица, и таму се доселени однекаде; Мрњар (1 куќа) доселени се од селото Прилепец.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Црква:Св.Никола, месна заедница,
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Совет на Месна заедница
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1438 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Црква: Св. Никола која се наоѓа на исток во селото
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Селска слава е Велигден, и се празнува третиот ден. Секако домаќинставата си имаат и свои домашни слави. Во минатото на тој ден се одржувал и селскиот панаѓур. Црковна слава е Св. Никола - летен, Талалеј на 2 јуни денски. Се слави од 2010 година, и на тој ден селото е посетено од повеќе стотици луѓе, кои потекнуваат од тука, како и од соседните села.
Личности[уреди | уреди извор]
Филип Божинов, деец на Македонската револуционерна организација, заробен во 1903 година, испратен на заточение, убиен со бајонет во Мала Азија.
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
иселувањетоозапочнува уелува некаде итераната 1960игодина а иселеници има најмногу во Прилеп,Битола,Австралија,Австрија итн.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 30.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 245.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Жива историја – раскажувања за историјата на Пелагонија и Мариово (1856 – 1950)“ – од авторот Томе Велјаноски, во подготовка на Тренчо Димитриоски, КИДЦМ „Калеш Анѓа“, с. Крушевица, Прилеп 2004.