Подмол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Подмол
Подмол is located in Македонија
Подмол
Местоположба на Подмол во Македонија
Координати 41°12′59″N 21°33′51″E / 41.21639° СГШ; 21.56417° ИГД / 41.21639; 21.56417Координати: 41°12′59″N 21°33′51″E / 41.21639° СГШ; 21.56417° ИГД / 41.21639; 21.56417
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 138 жит.
(поп. 2002)
Commons-logo.svg Подмол на Ризницата
Подмол на 3 ноември 1917 година

Подмол е село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Прилепското Поле, оддалечено 29 километри југоисточно од Прилеп.

Историја[уреди | уреди извор]

  • 3. Павла Чука,Раноантичка монументална кружна гробница на пелагонски владетел, можеби кралот на Пелагонците од 4 век пред н.е. (раководител на локалитетот доцент д-р Антонио Јакимовски, супервизор проф. д-р Виктор Лилчиќ од Филозофски факултет Скопје)
  • 4. Колкот, доминантен рид југоисточно над Павла Цука со остатоци од кружна култна градба, со дијаметар 30 метри за ритуални манифестации.
  • 5. Долот од Павла Чука до подножјето на Висока на исток, голема раноантичка некропола на градот Пелагониа (?)

Археолошки локалитет Павлова чука

Македонски тип гробница од Старо Бонче Археолошкиот локалитетот Павла Чука се наоѓа помеѓу селата Подмол и Бонче. Станува збор за гробница од македонски тип, која според архитектонската концепција е единствена. Составена е од отворен дромос вклесан во карпа кој во вид на рампа се спушта во гробницата; потоа следува засводениот дел од дромосот со должина од 11 метри и висина од 3 метри. На почетокот на засводениот дромос од двете негови страни откриен е ѕид кој во вид на прстен ја окружува целата гробница. Ѕидот е составен од три реда монолитни блокови со 1,5 метри висина. Дијаметарот на овој ѕид е 32 метри, а вкупната должина на ѕидот би изнесувала околу 100 метри. Засводениот дел на дромосот и ѕидот кој ја окружува гробницата се ѕидани од монолитни гранитни блокови со правоаголна форма, а некои од нив достигнуваат тежина и до 2 тона. Мајданот за овие монолитни блокови се наоѓа на околу 800 метри јужно од гробницата. Тие во аморфни форми се носени до гробницата, а потоа се доработувани на самото место. По засводениот дел на дромосот констатирани се преткомората која има димензии од 1,5 x 3,0 метри и комората со димензии од 4,0 x 3,0 метри, со зачуваната висина од 2 метри. Комората и преткомората се направени од прецизно сечени блокови од бигор со правоаголна форма со димензии 0,50 метри висина, а должината е меѓу 0,80 и 1.20 метри. Зачувани се и два мермерни прага преку кои од засводениот дромос се влегувало во преткомора и комората, а на кои стоеле двокрилни врати. Во предниот дел и надвор од дромосот, поточно источно и западно од дромосот, откриени се 8 детски гробови кои според монетите откриени во нив може да се датираат во крајот на IV и V век. Според позицијата на овие гробови, може да се заклучи дека гробницата била ограбена и разградувана уште во антиката. Во отсуство на материјал од времето кога е изградена гробницата, околу датацијата можеме да се потпреме на архитектурата. Имено, аналогни гробници со овој тип на свод најрано се датирани по средината на IV век пред н. е., односно повеќето кои работеле на оваа проблематика се согласни дека овој тип на свод на македонските гробници започнува да се применува по освојувањата на Александар III Македонски. Дел од ѕидот кој ја окружува гробницата Комората во фаза на истражување Кралска гробница во Бонче Теракота Внатрешноста на засводениот дел на дромосот

Главно селото се занимава со земјоделство, тутун и житни култури. А со сточарство со одгледување на овци и крави.

Во селото живее исклучиво македонско население.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Подмол живееле 250 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Подмол имало 208 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Подмол има 138 жител, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 250[1] 208[2] 415 487 552 448 343 214 185 138

Родови[уреди | уреди извор]

Подмол е македонско село.

Родови во Подмол се: Димитриовци (14 куќи) се делат на Балтовци, Котевци и др. Основачот на родот се викал Димитрија и имал 3 синови, не се знае дали се староседелци или доселеници со непозната старина; Торневци (3 куќи) за нив се вели дека од старо време се во селото; Кржевци (9 куќи) доселени се од селото Пателе во Грција. Со Степановци не се род иако имаат исто место на старина, ја знаат следната генеологија Митре (жив на 54 год. во 1950 тите) Ристе-Тале-Мицо-Грујо; Сиџимовци (6 куќи) и Кеновци (5 куќи) доселени се во 19ти век од селото Единаково (денес во Грција); Дабевци (3 куќи) доселени се но не знаат од каде, имаат деленици од Подмол во Лознани (Ралевци) и Српци (Кучкаровци); Саботковци (2 куќи), Јанкуловци (2 куќи) и Московци (2 куќи) доселени се однекаде; Зуберовци (2 куќи) доселени се од Бонче, таму им се род Бабјаковци; Дамјановци (4 куќи) доселени се исто така од Бонче, таму им се род Топчиовци, подалечно потекло од мариовското село Дуње; Чунтевци (1 куќа) доселени се во турско време од Бонче, таму им се род Чулевци; Аџиовци (1 куќа) доселени се од селото Лопатица, каде имаат исотимени роднини доселени од мариовското село Градешница; Прусковци (1 куќа) порано биле ковачи, живееле во разни села; Бешлаковци (5 куќи) доселени се на почетокот на 20ти век од селото Мусинци, и таму биле доселени однекаде; Орленци (3 куќи) доселени се во 1917 година од мариовското село Орле.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Археолошки локавитет Павлова чука

Македонски тип гробница од Старо Бонче

Археолошкиот локалитетот Павла Чука се наоѓа помеѓу селата Подмол и Бонче. Станува збор за гробница од македонски тип, која според архитектонската концепција е единствена. Составена е од отворен дромос вклесан во карпа кој во вид на рампа се спушта во гробницата; потоа следува засводениот дел од дромосот со должина од 11 метри и висина од 3 метри. На почетокот на засводениот дромос од двете негови страни откриен е ѕид кој во вид на прстен ја окружува целата гробница. Ѕидот е составен од три реда монолитни блокови со 1,5 метри висина. Дијаметарот на овој ѕид е 32 метри, а вкупната должина на ѕидот би изнесувала околу 100 метри. Засводениот дел на дромосот и ѕидот кој ја окружува гробницата се ѕидани од монолитни гранитни блокови со правоаголна форма, а некои од нив достигнуваат тежина и до 2 тона. Мајданот за овие монолитни блокови се наоѓа на околу 800 метри јужно од гробницата. Тие во аморфни форми се носени до гробницата, а потоа се доработувани на самото место. По засводениот дел на дромосот констатирани се преткомората која има димензии од 1,5 x 3,0 метри и комората со димензии од 4,0 x 3,0 метри, со зачуваната висина од 2 метри. Комората и преткомората се направени од прецизно сечени блокови од бигор со правоаголна форма со димензии 0,50 метри висина, а должината е меѓу 0,80 и 1.20 метри. Зачувани се и два мермерни прага преку кои од засводениот дромос се влегувало во преткомора и комората, а на кои стоеле двокрилни врати. Во предниот дел и надвор од дромосот, поточно источно и западно од дромосот, откриени се 8 детски гробови кои според монетите откриени во нив може да се датираат во крајот на IV и V век. Според позицијата на овие гробови, може да се заклучи дека гробницата била ограбена и разградувана уште во антиката. Во отсуство на материјал од времето кога е изградена гробницата, околу датацијата можеме да се потпреме на архитектурата. Имено, аналогни гробници со овој тип на свод најрано се датирани по средината на IV век пред н. е., односно повеќето кои работеле на оваа проблематика се согласни дека овој тип на свод на македонските гробници започнува да се применува по освојувањата на Александар III Македонски.

Дел од ѕидот кој ја окружува гробницата

Комората во фаза на истражување

Кралска гробница во Бонче

Теракота

Внатрешноста на засводениот дел на дромосот

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Повеќето си заминуваат од Подмол во Прилеп или во друг град.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  3. "Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)". Државен завод за статистика. 
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519.