Мало Рувци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мало Рувци
Мало Рувци is located in Македонија
Мало Рувци
Местоположба на Мало Рувци во Македонија
Координати 41°15′42″N 21°30′57″E / 41.26167° СГШ; 21.51583° ИГД / 41.26167; 21.51583Координати: 41°15′42″N 21°30′57″E / 41.26167° СГШ; 21.51583° ИГД / 41.26167; 21.51583
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 22 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 734м м

Мало Рувци е село во Општина Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото лежи на граница на брдско земјиште на југ и рамно земјиште на север. Околни населби се Штавица, Алинци, Чумово и Шелеверци. Во Мало Рувци постојат две послаби чешми и неколку бунари. Потезите во селото се викаат : Штавички пат, Голема нива, Лозја, Комарчани, Мечоец, Цуцулина, Голема ливада, и Барутчица. Селото е од збиен тип . Група куќи се викаат по главните родови – Чакмаковци, Карбевци, Бошовци и.т.н. Мало Рувци имало вкупно 49 домаќинства (1955 г. )[1] и една црква.

Историja[уреди | уреди извор]

Над селото во лозјата е местото Барутчица. Таму селаните орале гробови за кои не се знае од кој век се. На поедини гробови порано постоеле камени плочи. Во Мало Рувци има црква на Св. Спас, изградена пред околу 65 години. До тогаш тука постоела стара проста црква. Селската слава е на Спасовден. Покрај црквата се селските гробишта. Во ова село живеат доселени македонски родови. Најпрво се анселиле Џајковци и Мустревци, во првата половина на 19 век. За време на Турците сите жители биле „ортаци и момоци“ на читлуците. Годината 1912 селото имало 12 македонски куќи и 12 турски читлуци. Газдите на читлуците живееле во Битола. Само еден живеел во Прилеп. После 1912 г. секое домаќинство ја купило земјата на оној читлук на кој работело. Затоа измеѓу двете светск ивојни секој од селаните имамл доста своја земја. Меѓутоа од пед неколку години „баш полето“ го зело државното добро „Мирче Ацев“. Бројот на домаќинства во селото изнесувал: 1921г. – 17, 1948г. – 42, 1961г. – 52, 1971г. – 53.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Сето население потекнува од предци кои се доселени. Родовите со познато потекло се: Мустревци ( 4к. Св Атанасиј), дошле пред два века од Добрушево. Чакмаковци ( 7к.Св. Никола ), доселени се од Штавица. Населени се кон средината на 19 век како „ортаци“ на читлук. Марковци ( 7к.Митровден ), дошле во 19 век од Марул. И таму биле од некаде доселени. Карбевци ( 6к. Св Архангел Михаил), дошле во 19 век од Ерековци. Бошевци ( 5к. Варвара), од Кадино Село дошле во Алинци. Од Алинци дошле во Мало Рувци во 19 век. Џураковци ( 3к. ) и Мечовци ( 2к. ), дошле 1949 г. од селото Тушин од Воден. Куќи и земја немаат. Родови за кои не се знае од каде се доселени се: Џајковци (3к.), Ширковци (3к.), Пажевци (4.к) и Кузмановци (2к.). Првиот род салви Св Архангел Михаил, останатите Св. Никола.

Според пописот од 2002 година, селото Мало Рувци има 22 жители, сите Македонци.[3]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од денешниот род Мустревци, има иселеници во соседно Чумово. Таму се викаат Батковци (6к.) Дурлевци се иселиле во Волково (13к.). Други иселеници од родот Чакмаковци живеат во Скопје. [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ј. Трифуноски: Aнтропогеографско истражување на Битолско-Прилепска котлина во издание на САНУ
  2. Ј. Трифуноски: Aнтропогеографско истражување на Битолско-Прилепска котлина во издание на САНУ
  3. Ј. Трифуноски: Aнтропогеографско истражување на Битолско-Прилепска котлина во издание на САНУ
  4. Ј. Трифуноски: Aнтропогеографско истражување на Битолско-Прилепска котлина во издание на САНУ