Писокал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Писокал
Манастир „Св. Петка“ во Мариово.jpg

Возобновениот манастир во месноста на некогашното село Писокал

Писокал во рамките на Македонија
Писокал
Местоположба на Писокал во Македонија
Писокал на интерактивна карта

Координати 41°14′53″N 21°36′27″E / 41.24806° СГШ; 21.60750° ИГД / 41.24806; 21.60750Координати: 41°14′53″N 21°36′27″E / 41.24806° СГШ; 21.60750° ИГД / 41.24806; 21.60750
Општина Општина Прилеп
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Писокал на општинската карта
Писокал во Општина Прилеп.svg

Атарот на Писокал во рамките на општината
Commons-logo.svg Писокал на Ризницата


Писокал — историско село во јужниот дел на Македонија, на територијата на денешната општина Прилеп. Се наоѓа на атарот на селото Кален. Селото било расположено на преминот меѓу Дрен Планина од север и Селечка Планина од југ, меѓу селата Бонче и Кален.

Историска фотографија во истоимениот премин во непосредна близина на селото

Во XIX век Писокал било мало село во Прилепската каза на Османлиското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Писукал (Pissoukal) било село со 9 домаќинства и 46 жители[2]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Писокал имало 80 жители, сите христијани[3]. Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Писокал (Pissokal) имало 32 под врховенството на Бугарската егзархија.[4] Во XX век во месноста Писокал е изградена црквата „Свети Илија[5]. Денес во непсоредна близина се наоѓа и малото Писокалско Езеро.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 247.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 150-151.
  5. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]