Дабница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дабница
Дабница се наоѓа во Republic of Macedonia
Дабница
Местоположба на Дабница во Македонија
Координати 41°23′53″ СГШ 21°33′56″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 66 жит.
(поп. 2002)
Commons-logo.svg Дабница на Ризницата
За селото Дабница во Пиринска Македонија, видете овде

Дабница е село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Дабница се наоѓа на падините на планината Бабуна, северно од градот Прилеп.

Историја[уреди | уреди извор]

Дабница е старо село. Во 1337 година, половина од Дабница кралот Стефан Душан ја приложил на манастирот Трескавец.[1] За време на турското ропство, селото било раселено, а потоа повторно е обновено. Селото било обновено од Македонци кои се доселиле од други населби кон крајот на XVIII век.[1] За време на турското ропство цела земја на селото припаѓала на манастирот Трескавец (во 1912 година манастирот во ова село имал околу 700 овци и кози).[1]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Д-б-н-ч-а имало 13 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]

На 23 октомври 1941 година кај местото Гарван, кај Дабница бил формиран Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“.

Масовно стрелани Македонци од село Дабница, Прилепско. Во масакрот настрадале 18 лица. (19 септември 1942)

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 66 жители. Следува табела на националната структура на населението:[3]

Националност Вкупно
Македонци 9
Албанци 0
Турци 3
Роми 54
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
други 0

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 401. 
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.87
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]