Ѓорче Бешироски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓорче Перев Бешироски (1921 во Дабница, Прилепско — 12 септември 1942 во Мукос) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ѓорче Перев Бешироски е роден во 1921 година во селото Дабница. По занимање бил земјоделец. Веднаш по окупацијата тој се приклучил кон напредната револуционерна младинска група во селото. Како таков во мај 1942 доброволно се приклучил во партизанските одреди на Југославија. Бил борец во составот на прилепскиот партизански одред. Учествувал во сите акции што ги изведувал одредот. Загинал во борбата на Мукос на 12 септември 1942 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)