Пештани (Прилепско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пештани
Пештани is located in Македонија
Пештани
Местоположба на Пештани во Македонија
Координати 41°16′48″N 21°40′18″E / 41.28000° N; 21.67167° E / 41.28000; 21.67167Координати: 41°16′48″N 21°40′18″E / 41.28000° N; 21.67167° E / 41.28000; 21.67167
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 5 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 20079
Надм. вис. 680 м
Пештани на општинската карта
Пештани во Општина Прилеп.svg

Атарот на Пештани во рамките на општината

Пештани — село во Општина Прилеп, во областа Мариово, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, на крајниот северозападен дел на територијата на поранешната Општина Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 670 метри. Атарот зафаќа простор од 18,5 км2. Ha него преовладуваат пасиштата на површина од 1.297 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 389 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Населбата е мала, во фаза на наполно раселување, a е населена со македонско население.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото е спомнато во Трескавечкиот поменик од XVII-XVIII век. Според академик Иван Дуриданов, етимологијата на името е од првоначалното жителско име со наставка -jane от пешт, односно, пештера, пешт. Во XIX век Пештани било село во Прилепската каза на Мариовската нахија на Османлиското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Пештани (Peschtani) е посочено како село со 40 домаќинства и 192 жители христијани и 3 Роми. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Пештани има 280 жители, сите христијани. Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Пештани имало 304 под врховенството на Бугарската егзархија. Според Георги Трајчев, во Пештани имало 45 куќи со 280 жители. Според пописот од 2002 година, во селото Пештани живеат 20 жители, сите Македонци. А додека во 2015 година има 5 жители претежно стари лица коишто се занимаваат со сточарство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во селото Пештани живеат 20 жители, сите Македонци. А во 2015 година едвај 5 жители претежно стари лица.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1524 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[1]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 8 гласачи.[2]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[3]
Археолошки наоѓалишта
  • Св. Илија — населба од раната антика и римското време (старомакедонбскиот град Достонеи) се наоѓа на левата страна на селото Пештани и скриена во карпестиот рид.;[4]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

За 2 Август во црквата с.Илија која што се наоѓа на левата страна на селото Пештани и скриена во карпестиот рид се собираат пештанци и луѓе од разните краеви на Македонија за да го прославаат празникот Илинден.

Исто така за 1ви Мај црквата Св.Петка која што е на десната страна на селото се собират народ за да го прослават државниот празник подетални фотографии.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  2. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  3. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  4. Виктор Лилчиќ, DOSTОNEON TO KOINON, убикација, (MN/MH) Br. 25, Skopje 2005, 2-19