Беловодица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Беловодица
Беловодица is located in Македонија
Беловодица
Местоположба на Беловодица во Македонија
Координати 41°20′47″N 21°33′15″E / 41.34639° СГШ; 21.55417° ИГД / 41.34639; 21.55417Координати: 41°20′47″N 21°33′15″E / 41.34639° СГШ; 21.55417° ИГД / 41.34639; 21.55417
Регион Раец
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 24 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 673 м
Commons-logo.svg Беловодица на Ризницата

Беловодица е село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа источно од Прилеп, на планината Дрен, во долината на Раечка Река.

Граничи со селата: Дуње и Пештани во Мариово од јужната страна, Царевиќ од источната страна, со Тројаци од североисточната страна и со селото Плетвар од северозападната страна.

Историja[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Беловодица живееле 510 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Беловодица имало 576 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Беловодица брои 24 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 510[1] 576[2] 511 461 356 182 73 25 18 24

Родови[уреди | уреди извор]

Беловодица е чисто македонско село, како во минатото, така и сега. Во селото има и староседелски и доселенички родови. Староседелските родови живееле во старото село Белаводица.

Родови во Беловодица се: Страшиковци (25 к.), Аџијовци (3 к.) и Анѓелевци (19 к.), ова се староседелски родови; Славевци (6 к.), Бочовци (1 к.), Мојсовци (15 к.) и Вазлијовци (5 к.), ова се доселенички родови со непозната старина, доселени се во Беловодица во ХVIII век; Мијаковци или Кликушовци (9 к.), доселени се од Галичник, во почетокот на XIX век; Врсаковци (3 к.), доселени се од Градешница, Мариово, во почетокот на XIX век; Чивличијовци (3 к.) им дошол дедото на чифлик, доселени се средината на XIX век од Крушевица во Мариово; Радобилци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од Радобил во 1870 година; Ѓорговци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од Живово во 1895 година; Китевци (1 к.) дошол Ордан како домазет од Фариш во 1900 година; Кулевци (1 к.) дошол Борис како домазет од Мрзен Ораовец; Грбавци (1 к.) дошол Стојан како домазет од Грбовец, во 1906 година; Цоцовци (1 к.) дошол Ѓорге како домазет во 1907 година од Гуѓаково; Баба-Брезкинци (1 к.), потекнуваат од домазетот Стојан кој дошол од Царевиќ во 1910 година, во Царевиќ неговиот род е доселен од мариовското село Галиште; Кулевци (1 к.) потекнуваат од Пецо кој дошол како домазет од селото Мрзен Ораовец; Марчевци (1 к.), потекнуваат од домазетот Трајче кој дошол од Дуње, во 1911 година; Ристовци (1 к.), Боше дошол како домазет од Крушевица во 1918 година и Дујевци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од Царевиќ во 1919 година.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Света Богородица Ширшаја Небесна од црквата „ Св. Никола“

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[6]
Археолошки локалитети[7]
Езера

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Републички Едукативен Планинарски Камп „Беловодица“ - републички едукативен планинарски камп – Беловодица;

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 246.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
  3. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 507-508. 
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069